ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ЗА ПЕРИОДОТ 21-27 ДЕКЕМВРИ 2020Г: ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ И ПОЧИНАТИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 декември 2020г. тестирани се вкупно 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,9% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 3.372 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 26,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.429; 42,4%), со неделна инциденца – 231,4/100.000.

Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 25,7% , намалување од 3,6%  во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=910, 27,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=665; 19,7%), 40-49 (n=589; 17,5%), 50-59 (n=587; 17,7%) и 20-29 (n=414; 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=52; 1,5%) и 10-19 години (n=145; 4,3%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.500 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, незачително помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 129 смртни случаи од 23 града, 30 помалку или 18,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 105 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години и 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 21 до 27.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Сподели на:

Related Posts