Ефикасноста на вакцините против Ковид 19, ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79% и 81% од хоспитализираните пациенти со Ковид, се невакцинирани. Истражувањето на Цивика мобилитас, потврдува дека во последните три и пол месеци:
14.500 помалку заразени
4.595 помалку неделни хоспитализации
вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9% и 46,5%
2,8 милиони евра пониски трошоци за хоспитализација во последните 5 недели од делта бранот.
Вакцинацијата против Ковид-19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид-19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас. Вакцинирај се! Со вакцината се штитите себеси, пријателите, семејството и ги штитите другите околу вас.