Од 1 јануари, 2023 г. се зголемува вредноста на капитацискиот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози, бодот се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице. Ова е резултат на повеќемесечни заложби и разговори со ЛКМ, Стоматолошка комора, Здружение на приватни лекари и други стручни здруженија од фелата.
Во оваа насока продолжуваме со активностите за унапредување на статусот на лекарите и обезбедување подобра здравствена заштита за пациентите