Главната тема на состанокот беше фокусирана на тековните и идни проекти, кои се поддржани од Европската унија во македонското здравство, со посебен фокус на новите перспективи за подобрување на здравствениот систем со финансиска и експертска помош од Европската унија.
Оваа средба претставува продолжување на успешната соработка меѓу Северна Македонија и ЕУ во областа на здравството. Овој вид средби ќе продолжат и во иднина со една цел, подобрување и имплементирање квалитетни и професионални здравствени услуги за граѓаните.