ХИРУРШКАТА КЛИНИКА „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ ДОБИ СОВРЕМЕН АПАРАТ ЗА ЛИТОТРИПСИЈА И НОВ АПАРАТ ЗА МАМОГРАФИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска ја посетија Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ по повод промоција на современ апарат за литотрипсија и нов апарат за мамографија со томосинтеза и стереотактична биопсија на дојка.

На одделот за урологија, опремени се посебни простории и првпат досега во установата е инсталиран нов современ апарат за литотрипсија, во вкупна вредност од 42 милиони денари.

Воведуваме патологија која досега не можеше да се третира во оваа установа, а со тоа се врши и проширување на спектарот на процедури кои можеме да им ги понудиме на пациентите.

Се очекува годишно да се третираат стотина пациенти со оваа патологија, кои по интервенцијата би се задржале само еден ден, или пак, истиот ден би се пуштале дома, што е голем бенефит за пациентите, а секако и за здравствената установа.

Исто така, денес беше промовиран и новиот апарат за мамографија со томосинтеза и стереотактична биопсија на дојка, инсталиран во новиот оддел за радиодијагностика во кој имаме два кабинети за дојка. Инсталиран е и нов ултразвучен ехо колор доплер за ЕХО на дојка, со што истовремено ќе се врши мамографија и ЕХО на дојка.

Користењето на томосинтезата како дополнителна алатка при скрининг ги зголемува стапките на откривање канцерогени промени, со што се подобрува ефикасноста на програмите за скрининг за рак на дојка.

Сподели на:

Related Posts