МАНОЛЕВА: ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ТЕТОВО Е ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ВЛОЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ


Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева беше во работна посета на Здравствениот дом во Тетово, каде оствари средба со менаџментот и направи обиколка низ установата.

-Со инфраструктурното зајакнување се овозможуваат поквалитетни здравствени услуги за пациентите. Со заеднички заложби продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство со опрема, кадар и инфраструктурни проекти. Инвестициите во здравствениот систем се инвестиции во здрави идни генерации, посочи д-р Манолева.

Интензивно се работи на подобрување на условите преку реконструкција од донации и со сопствени средства на здравствениот дом. Во завршна фаза е реновирањето на просториите на претшколска вакцинација, а во тек е и реновирање на стоматолошките рендген простории и просториите на школска вакцинација.

Здравствениот Дом Тетово е позитивен пример за вложување и подобрување на условите за пациентите и здравствените работници. Комплетно се реновирани и просториите на ургентна стоматологија, како и седум простории за управата.

Сподели на:

Related Posts