ДЕМИРИ: СО СОВРЕМЕНИОТ ЛАПАРОСКОП ЌЕ СЕ ВРШАТ 800 ИНТЕРВЕНЦИИ ГОДИШНО НА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА


Министерот за здравство, д-р Илир Демири денеска ја посети Универзитетската клиника за детска хирургија кадешто оствари средба со директорите Славица Литајковска и Елмедин Асани и изрази задоволство од реализираните инвестиции што значат унапредување на здравствената заштита на најмладите пациенти.

-Минатата година од сопствени средства на клиниката беше набавен најсовремен лапароскопски апарат во вредност над 12 милиони денари. Лапароскопскиот апарат се состои од висококвалитетен медицински монитор, мулти-специјализиран видео-процесор, камера со континуиран автофокус и флуорецентна слика. Универзитетската клиника за детска хирургија е екипирана со обучен кадар за ваков тип интервенции и досега се изведувале околу 40 лапароскопски интервенции месечно. Со набавката на овој најсовремен апарат ќе се зголеми бројот на интервенции и се очекува на годишно ниво да се извршуваат над 800, информира Демири.

На средбата, Демири истакна дека во заедничка соработка со Министерството продолжуваат активностите за зајакнување на здравствената заштита.

Сподели на:

Related Posts