Седумдесет тимови на доктори и медицински сестри, изминатата недела се на терен и веќе посетија над 3.000 семејства на невакцинирани деца во рамките на кампањата „Спринт за имунизација“.
Одбележувајќи ја Европската недела на имунизација, Министерството за здравство ја реализира оваа камапња заедно со Светската здравствена организација, Институтот за јавно здравје и вакциналните пунктови на здравствените домови низ целата територија на Северна Македонија. Кампањата е финансиски поддржана од УСАИД.