На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници, информираше денеска министерот за здравство д-р Арбен Таравари, по средбата со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ.
-Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат и 10 најдобри студенти, рече министерот.
На средбата стана збор и за мораториум на одредени специјализации, а предност да се даде на специјализациите за онкологија, радиологија, патологија, анестезиологија.