РЕНОВИРАНИ ПРОСТОРИИ НА ИНСТИТУТ ЗА РАДИОЛОГИЈА – ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО УСТАНОВАТА

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски, денеска ги посетија реновираните простории на Институтот за радиологија, кои се наоѓаат во објектот на Хируршки клиники.

-Реновирањето опфаќа обнова на подови, нови врати, прозори, односно комплетна обнова на просториите во објектот на Хируршки клиники. Вкупната инвестиција на Институтот за радиологија изнесува над 6 милиони денари, од кои 1.7 милиони денари се обезбедени со поддршка од Амбасадата на Народна Република Кина, посочи министерот Таравари.

Паралелно со осовременување на условите за третман на пациентите во оваа област, посебен фокус е ставен и на зајакнување на кадарот, како и на мотивирање и стимулирање што е можно повеќе доктори да специјализираат во областа на радиологија.

Сподели на:

Related Posts