Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на средбата со директорите на универзитетските клиники разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат во секојдневното работење.
-Се надевам дека сите ќе дадеме максимум од себе за да ја подобриме состојбата на клиниките. Во нашиот фокус е да го вратиме клиничкиот центар како една установа, со цел поефикасно функционирање, истакна министерот во воведното обраќање.
На средбата беше презентиран здравствениот совет како ново советодавно тело, кое посветено ќе работи и на оваа тема.
Во рамки на отворената дебата беа разгледани повеќе решенија за унапредување на состојбите.