ПОТПИШАН ЗАЕДНИЧКИ МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ СО УНОПС

Потпишан заеднички меморандум за разбирање со Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги на денешната прес конференција на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и претставничката на УНОПС, Микела Телатин.

Со меморандумот се зајакнува соработката во насока на намалување на аерозагадувањето од старите системи за греење во јавните здравствени установи, при што е предвидена целосна замена на системот за греење со еколошки систем на природен гас.

Со проектот се опфатени следните здравствени установи: поликлиниките Бит пазар, Ченто, Драчево, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Психијатриска болница-Скопје, Специјална болница за геријатриска и палијативна нега „13 Ноември-Скопје“, Клиничка болница Тетово, Здравствен дом Тетово и Центар за јавно здравје-Тетово.

Сподели на:

Related Posts