НОВА КОМПРЕСОРСКА СТАНИЦА ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Денес со задоволство сакам да истакнам дека ја пуштаме во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники, со што како Министерство за здравство и како Влада успешно решаваме сериозен проблем во секојдневното функционирање на операционите сали во комплексот клиники.

Како што знаете, постапката за  набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје ја спроведе Министерството за здравство и беа извршени бројни активности меѓу кои: инсталирање на системот за компримиран воздух, замена и монтажа на нов бакарен цевен развод, приклучни места, како и разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок, информираше денeска министерот Таравари.

Монтирани се три нови компресори со сета потребна придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга пропратна опрема, замена и монтажа на бакарен цевен развод, приклучни места, разводни ормани за компримиран воздух за снабдување на оперативниот блок од 12 сали и 2 сали на пластична Хирургија, изработена согласно европската фармакопеја.

Вкупната вредност за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје изнесува 21.2 милиони денари.

Во изминатиот период беше успешно спроведена и пробна работа на целиот систем, од кој придобивка ќе имаат голем број пациенти кои хируршки се третираат на клиниките во комплексот. 

Сподели на:

Related Posts