Секторот за меѓународна соработка и техничка помош на кабинет има за цел остварување програми и проекти што произлегуваат од билатералната и мулилатералната соработка и техничката помош во надлежност на секторот; да остварува постојана соработка и средби со претставници на меѓународни владини и невладини организации и специјализирани агенции, да предлага пристапување кон конвенции и протоколи на меѓународни организации со кои се уредуваат прашања од надлежност на Министерството за здравство и да го следи нивното спроведување.
Секторот е организиран во три Одделенија:
Одделение за протокол и меѓународно-техничка соработка
Одделение за координација и техничка помош на кабинет
Одделение за односи со јавноста