Семејната медицина во Македонија

Владата на Република Македонија во 2007 година усвои документ  – Здравствена стратегија на Република Македонија 2020 да воведе категорија специјализирани семејни лекари како водечки членови на тимовите (тим лидери) во Примарната Здравствена Заштита. Во моментов, во ПЗЗ работат различни профили на лекари (општи лекари, специјалисти по општа медицина, педијатри, специјалисти по школска медицина, специјалисти по медицина на трудот и гинеколози), чии што квалификации се исто така различни, што може да претставува пречка за сеопфатната и холистичката здравствена заштита на населението. Парадигмата на семејната медицина нуди ефективна, ефикасна, сеопфатна и финансиски одржлива примарна здравствена заштита.

Одлуката за воведување на  високообучени специјалисти по семејна медицина во ПЗЗ е во согласност со глобалната политика за постигнување на стандарди за квалитет, кои на целото население би му понудиле добра, подеднаква и квалитетна здравствена заштита. Документот на СЗО “Здравје за сите во 21 век” како 15 цел ја нагласува ориентираноста на семејството и заедницата кон примарна заштита, се со цел да се пружи сеопфатна континуирана здравствена заштита, а основен носител на примарната здравствена заштита да е специјалистот по семејна медицина. Во процесот на хармонизацијата со директивите на ЕУ сите лекари кои работат самостојно со пациенти треба да бидат специјалисти. (ЕУ директива 2005/36/ЕЦ). Воедно и со директивата 16/93/EEC сите земји членки на ЕУ мораа до крајот на 1995 година да воведат задолжителна специјализација по семејна медицина во времетраење од минимум 3 години. Со воведувањето на специјализацијата по семејната медицина се задоволува овој критериум т.е. ќе се усогласиме со ЕУ директивите и стандардите за самостојно работење на ниво на примарната здравствена заштита, ќе се зголеми квалитетот на здравствената заштита на истото и подобро ќе се искористуваат здравствените ресурси со контролирано движење на пациентите во системот. Во декември 2012 се усвои Правилник за специјализација каде се дополни временската рамка за спроведување на програма за доедукација до 31.12.2020 година.

Во тек е специјализација на 17 специјализанти, (10 специјализанти кои во декември 2012 завршуваат специјализација, 7 специјализанти кои се на втора година на специјализација).

Програма за доедукација ја завршија 115 доктори, а во тек е доедукација на 17 доктори. Имаме 71 специјалисти по Семејна Медицина, кои положија специјалистички испит на Медицински факултет Скопје во соработка со Катедрата за Семејна Медицина од Медицински Факултет Љубљана. Во декември 2012 година уште 11 доктори се стекнаа со звање специјалист по семејна медицина.

Сподели на:

Related Posts