19.05.2016
Почитувани, поставени се ажурирани списоци и ажуриран распоред.
05.01.2016
Почитувани, поставени се ажурирани списоци и ажуриран распоред. Обуките овој викенд (9 и 10 Јануари) ќе се одржат согласно распоредот. Среќни празници!
26.10.2015
1. Поставени се ажурирани списоци
2. Обуките започнуваат од викендот 31 Октомври според ажурираните списоци на лекари по групи
17.06.2015
Информација за пункт Кочани:
Почитувани, обуките за викендот (20 и 21 Јуни) за пункт Кочани се одложуваат. Одложената обука ќе се одработи дополнително и ќе бидете известени.
12.05.2015
1. Поставени се ажурирани списоци на лекари по групи за оние кои досега не беа на истите;
2. Поради празникот Задушница, обуката закажана за викендот 30 и 31 Мај се одложува. Истата ќе биде одработена на крајот од циклусот, за што ќе бидете известени;
3. Известување за Пункт Битола 7 и 8: Обуката закажана за 16 и 17 мај за пункт Битола, група 7 и 8 се одложува. Истата ќе се одработи на крајот од циклусот, за што ќе бидете известени.
03.04.2015
Известување,
Почитувани избрани лекари. Министерството за здравство ќе започне со исплата на патните трошоци на сите оние лекари кои патуваат од еден во друг град со цел да присуствуваат на обука. Потребно е да испратите барање на maticni@zdravstvo.gov.mk во кое е потребно да наведете:
1. Име и Презиме
2. ЕМБГ
3. Трансакциска сметка
4. Банка
5. Скенирани и прикачени сите потврди за обавени обуки.
Со почит,
Министерство за здравство
12.03.2015
Известување за матичните лекари кои не беа вклучени во досегашните списоци за едукација: Подолу се ажурираните списоци по групи (од 12 Март 2015 година), кои сега ги вклучуваат лекарите кои претходно не беа опфатени.
30.01.2015
Важно ИЗВЕСТУВАЊЕ до матичните лекари од СКОПЈЕ: Обуките по УРОЛОГИЈА за пунктовите 2,3,4 и 5 ќе се одржуваат СЕКОГАШ во УК за хируршки болести Св. Наум Охридски (стара градска)