АНДОВСКИ: 89 ПАЦИЕНТИ СЕ ЗГРИЖЕНИ ВО СКОПЈЕ, ПРИСТИГНАТИ СЕ ДОКТОРИ ОД СТРАНСТВО КОИ ЌЕ ПОМОГНАТ СО СВОЈАТА ЕКСПЕРТИЗА

Заменик министерот, Јовица Андовски, во денешната изјава за медиуми заедно со д-р Огнен Костовски, координатор на хируршки клиники информираше за бројот и состојбата на пациентите згрижени на клиниките.

По завршување на брифингот за моментална состојба на пациентите и нивната состојба, Андовски информираше дека на Клиниката за пластична хирургија во моментот се хопитализирани 17 пациенти, на Токсикологија – 13, на трауматологија – 2, на Детска хирургија – 4, на КАРИЛ – 14, во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ – 12, во ГОБ „8 Септември“ – 18, во КБ Штип – 3 и на Клиниката за пулмологија – 2.

-Вкупно 89 пациенти се згрижени во здравствените установи во Скопје. Во странство се транспортирани вкупно 76 пациенти, ноќеска во Хрватска 2 пациенти се транспортирани,во Атина – 3, во Виена – 2 и во Словенија – 2, информираше Андовски, кој посочи дека е планирано и испраќање на дополнителен број пациенти, во преговори сме со здравствени установи во Австрија, Полска, Шведска, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија и за краток период ќе се знае точно колку пациенти ќе може да се трансферирани.

Пристигнати се и странските доктори кои со својата експертиза ќе придонесат за третманот на нашите клиники. Денес се сретнавме и со докторите од Белгија кои сега прават тријажа и анализа на состојбата на пациентите. Има пристиганто доктори и од Израел, Чешка и ВМА од Београд и тие ќе бидат распределени и на Клинички центар и во 8 Септември – потенцираше Андовски.

-Од првиот момент на настанот, нашиот здравствен систем реагираше итно и во моментов пациентите во клинички центар се стабилни. До овој момент за сите кои сме процениле дека се ризични и се со потреба за третман во специјализирани центри се навремено тријажирани и упатени. Се уште не се планира упатување на домашно лекување, зашто р потребна подолга опсервација и сите и натаму остануваат под лекарски мониторинг, вели д-р Огнен Костовски.

Сподели на:

Related Posts