Author: Daniela Aleksoska

ФИЛИПЧЕ: УТРЕ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ ДИСКУТИРА ДАЛИ СЕ ПОТРЕБНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕСТРИКЦИИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека сите земји во Европа, па и ние го очекувавме овој бран, и ние соодветно на тоа ги подготвивме капацитетите. Во контекст на високите бројки на новозаразени Филипче истакна дека доколку се почитуваа мерките за заштита немаше да дојде […]

СТУДЕНТИТЕ ОД ШЕСТА ГОДИНА ПО ОПШТА МЕДИЦИНА СО ПОДДРШКА НА КОЛЕГИТЕ ЕПИДЕМИОЛОЗИ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и деканката на Медицинскиот Факултет во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, денеска, одржаа средба со студентите од шеста година по општа медицина. На средбата се разговараше за вклучување на студентите, идните лекари во процесот на справување од коронавирусот. -Во услови кога се соочуваме со најголемата светска здравствена криза, […]

СВЕТСКИ ДЕН НА ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА НА РАЦЕ – ВО КОВИД ПАНДЕМИЈАТА ХИГИЕНАТА НА РАЦЕ ЕДНА ОД ОСНОВНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ВИРУСОТ

Светскиот ден на одржување хигиена на рацете – 15 октомври, годинава се одбележува под мотото „Хигиена на рацете за сите“, со цел подигнување на свесноста и разбирањето за важноста од редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода, како најлесен и најдобар начин за превенција од болести и спречување на ширење на инфекции.  […]

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА ОТВОРАЊЕТО НА НОВИОТ ПРОИЗВОДСТВЕН КАПАЦИТЕТ НЈСК ХОЛДИНГ: СЕКОЈА КРИЗА Е НОВА МОЖНОСТ, ИНВЕСТИЦИИТЕ ТОА ГО ПОТВРДУВААТ

–Новите сериозни инвестиции во овие исклучителни околности во услови на пандемија, кога неизвесноста е голема, а иднината полна со предизвици, влеваат сигурност,  обезбедуваат стимулирање на деловната активност и отвораат нови работни места, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче,  се обратија на отворањето на […]

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 5 ДО 11.10.2020 – ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ, НАЈЗАСТАПЕНА ВОЗРАСНАТА ГРУПА ОД 30 ДО 39 ГОДИНИ

Последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 5 октомври до 11 октомври бележи зголемување на бројот на новодијагностицирани и процентот на позитивни од тестирани, најзастапена е возрасната група на лица на возраст од 30 до 39 години. Од 13.028 тестирања се дијагностицирани 2.243 новозаболени од 33 града во државата, што претставува зголемување […]

ПРЕКУ ЕУ ДОБИВАМЕ БРЗ ПРИСТАП ДО ЛЕКОТ РЕМДЕСИВИР

Преку Европската Унија нашата држава добива брз пристап до лекот Ремдесивир. Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Gilead“ за набавка на 500 илјади дози од „Veklury“, бренд името на лекот „Ремдесивир“, со можност за дополнително зголемување на количините. Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија: […]

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА РАНГИРАНА МЕЃУ ПРВИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ СО НАЈГОЛЕМ ПАД НА СТАПКАТА НА МРТВОРОДЕНИ ДЕЦА

Министерството за здравство информира дека според најновиот извештај на УНИЦЕФ, Република Северна Македонија е меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца во периодот меѓу 2000 и 2019 година. Анализата на податоците покажува дека стапката на мртвородени деца во Северна Македонија се намалила од 10,8 мртвородени, на вкупно 1.000 […]

ИЗВЕШТАЈ ИЈЗ 28.09-04.10.2020: ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА НОВОРЕГИСТРИРАНИ СЛУЧАИ – НАЈГОЛЕМО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ВО ВОЗРАСНИТЕ ГРУПИ ОД 20 ДО 29 И ОД 30 ДО 39 ГОДИНИ

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 28 септември до 04 октомври 2020г., тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 1,5% повеќе во однос на минатата недела.Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од 31 […]

НАД 100 ПАЦИЕНТИ ТРЕТИРАНИ СО КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 129 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Од нив 68 единици се обезбедени преку аферезна процедура од вкупно 30 дарители, и 59 единици се обезбедени преку стандардно дарување. Инаку, досега над 100 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што […]

ФИЛИПЧЕ: ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ ДО ВЛАДАТА ЗАБРАНЕТО ГОСТУВАЊЕ НА ПЕЈАЧИ И ДИЏЕИ, НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ГОСТИ НА ЕДНА МАСА ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заразни болести во вестите на Канал 5 телевизија денеска изјави дека има зголемување на бројот на случаи во сите возрасни групи над 20 години и истакна дека нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 години, и под 10 […]