АКТУЕЛНО

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ПОТВРДЕН СЛУЧАЈ НА ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА

Во врска со објавата на 1ТВ од 27.10.2018 година во 20:21 часот – „1ТВ дознава: Западнонилската треска пристигна во земјава“, Министерство за здравство ги отфрла инсинуациите и шпекулациите наведени во текстот дека случај на западнонилска треска е откриен на инфективното одделение во болницата „8-ми Септември“. Кај ниту еден пациент во Република Македонија не е потврдено […]

СО ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА ЌЕ СЕ ОСТВАРИ ПРАВОТО НА ЖЕНАТА НА БЕЗБЕДЕН АБОРТУС

Министерството за здравство го почна процесот за промена на Законот за прекинување на бременоста. По повеќе месечните консулатиции со претставници на граѓанските организации, целосно инклузивно и отворено ги прифативме забелешките на сите засегнати страни, како и препораките на меѓународните организации и Светската здравствена организација. Волјата на жената ќе биде на прво место. Со предлог измената […]

ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ МЕДИЦИНСКИ КЛОВНОВИ И ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИ НА 26 УЧЕСНИЦИ

Во Медицинскиот Симулативен центар, денеска на прес-конференција Министерот за здравство, Доц. д-р Венко Филипче, претставничката на организацијата „Хоуп“, Емилија Дуковски и тренери од „Дрим Докторс“, Ноам Инбар и Ротем Голденберг од Израел, најавија нова програма, медицински кловнови која ќе им помогне на пациентите во болница да го намалат стресот, анксиозноста и кај децата – стравот […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА НОВ АНТИБАКТЕРИСКИ ТРЕТМАН Е КЛУЧНО ВО БОРБАТА ПРОТИВ АНТИМИКРОБНАТА РЕЗИСТЕНТНОСТ

Владина делегација, предводена од вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска учествуваше на активности во рамките на Светскиот инвестициски форум, кој се одржува во Женева, во организација на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD – United Nations Conference on Trade and Development). Вицепремиерот Анѓушев […]

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО СЕ ПРИКЛУЧИ НА ХУМАНИТАРНАТА ТРКА „ПОДАЈ РАКА 2018“ ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ВИЛСОН

Министерство за здравство се приклучи со свој тим на хуманитарната трка „Подари рака 2018“ за поддршка на лицата со Вилсонова болест, во организавија на Здружението Вилсон. Оваа година, за прв пат нема застој во терапијата и пациентите редовно го земаат својот лек. Се залагаме за подобрување на нивниот живот, затоа што секој заслужува редовна и […]

КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче заедно со амбасадорката на Босна и Херцеговина во земјава, Лепа Бабиќ, денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, каде ја презентираа донацијата на компанијата „Виолета“. Преку проектот „Да создаваме заедно“ компанијата донираше средства за набавка на нова постелнина за болничките кревети, бојадисани се сите 24 соби на […]

ПРЕСАДУВАЊЕТО ОРГАНИ Е ЕДНО ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ДОСТИГНУВАЊА НА МОДЕРНАТА МЕДИЦИНА

Под мотото „Биди донор–Биди херој“ денеска се одбележа Европскиот ден на органодарителство. Целта на овој ден е да се поттикне и да се запознае јавноста со достигнувањата во модерната медицина, кога е во прашање важноста од одлуката за дарување органи. Донирањето органи е највисок чин на хуманост. – Изразувам голема поддршка и солидарност кон оние […]

КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ ДОБИ НОВИ ПОСТЕЛНИНИ, ДОНАЦИЈА ОД СИЛК РОУД БАНКАТА

Универзитетската Клиника за детски болести во Скопје, денеска од Силк Роуд банката доби донација, постелнинина за сите креветчиња во Детската Клиника во Скопје. Со донацијата се подобруваат условите и грижата за најмалите, децата пациенти. Претседателот на Управниот одбор на Силк Роуд банката, Ролф Шнебели, во присуство на министерот Доц. д-р Венко Филипче и директорката на […]

НАБАВЕНИ НАЈДОБРИТЕ ЧЕТИРИВАЛЕНТНИ ВАКЦИНИ ЗА СЕЗОНСКИ ГРИП

Министерството за здравство преку јавна набавка обезбеди 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година. Станува збор за четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови на инфлуенца. Истата е според препораките на Светска Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Годинава, за првпат се набавуваат вакцини против сезонски […]

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО И НАЧИНОТ НА ПРИЈАВУВАЊЕ НЕСАКАНИ РЕАКЦИИ ОД ЛЕКОВИТЕ

Министерството за здравство номинираше 85 лекари специјалисти од сите градови на Република Македонија кои учествуваа на работилница за значењето и начинот на пријавување несакани реакции од лековите, одноно за имплементирање на добрите практики на фармаковигиланца во Република Мекедонија. Оваа TAIEX работилница беше организирана од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и Фармацевтскиот факултет од […]