Отворено второто Роса школо за родителство во општата болница Гостивар

Заменик министерот за здравство, д-р Асим Муса денеска присуствуваше на отворањето на Роса школа за родителство во општата болница Гостивар.

Во својот поздравен говор тој истакна дека отворањето на школата за родителство во Општата болница во Гостивар претставува ново место за едукација и обука на сите заинтересирани идни мајки и родители. Министерството за здравство, заедно со АД Пивара, до крајот на годината ќе отвори и уште едно школо за родителство во Клиничката болница во Битола.

Целта на овие проекти е да овозможиме  поголемиот број граѓани ширум Македонија да имаат современ и модерен пристап кон родителството.

‘’ Како Министерство за здравство, ќе  обезбедиме експертска помош и стручниот кадар од лекари специјалисти што ќе работат во овие школи, со што сметам дека заедно ќе успееме да одговориме на важните прашања поврзани со родителството .Општата болница во Гостивар располага со стручен кадар кој е подготвен за успешна реализација на работилниците во рамки на ‘Роса школите за родителство’ и убеден сум дека ќе успее да одговори на сите проблеми со кои би можеле да се соочат родителите. Од друга страна, важно е да се истакне дека во првото тримесечје од 2018 година во Гостивар се регистрирани 179 новороденчиња, што Гостивар го вбројува меѓу петте општини на врвот на листата на ниво на Македонија по број на родени– истакна д-р Муса.

Роса школите се комплетно реновирани и опремени со цел да се обезбедат услови за непречена работа со сите идни родители, а стручниот тим кој ќе ги спроведува обуките е обезбеден од  Министерството за здравство и составен од доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, педијатрија, како и медицински и патронажни сестри.

Сподели на:

Related Posts