АКТУЕЛНО

Д-Р МАЈА МАНОЛЕВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

Во просториите на Министерството за здравство денеска беше извршено примопредавање на должноста заменик министер за здравство. Д-р Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство од д-р Владимир Рендевски, кој ѝ посака успешна работа на д-р Манолева и продолжување на реформите во здравствениот систем.  

Д-Р ФАТМИР МЕЏИТИ ЈА ПРЕЗЕДЕ ФУНКЦИЈАТА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

Во просториите на Министерството за здравство беше извршено примопредавање на должноста министер за здравство. Новиот министер, д-р Фатмир Меџити ја презеде функцијата од д-р Беким Сали.   -Чест ми е што сум именуван за нов министер за здравство. Денес имав продуктивна средба со поранешниот министер д-р Сали, решен сум да ја продолжиме важната работа за […]

СКРИНИНГОТ И ХПВ ВАКЦИНАЦИЈАТА – НАЈДОБРА ПРЕВЕНЦИЈА ЗА РАК НА ГРЛО НА МАТКА

Можностите за справување со ракот на грлото на матката и унaпредување на женското репродуктивно здравје преку подигнување на свеста за ова заболување, беа клучните теми на панел дискусијата што се одржа во Скопје, во организација на УНФПА и Министерството за здравство. Експерти од националната комисија за превенција и рана детекција на рак на грлото на […]

ДВОДНЕВНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ЕДНА ГОДИНА ВЛАДА – ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВОТО, ФОКУС НА РЕФОРМИТЕ ВО ПЗЗ

На дводневната конференција по повод одбележување една година Влада, се одржа панел сесија, на тема „Социјални и здравствени политики во време на криза“, на која се дебатираше за ефектите од антикризните мерки, воведувањето нови методологии за раст, како и за здравствените политики во изминатата и оваа година. Министерот за здравство, д-р Беким Сали укажа на […]

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ НА МОДУЛОТ „ДИЈАГНОСТИКА, ЛЕКУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПОСТКОВИД СИМПТОМИ“ ВО МЕДИЦИНСКИ СИМУЛАЦИСКИ ЦЕНТАР

Медицински симулациски центар организира едукација за здравствени работници за модулот „Дијагностика, лекување и превенција на пост-ковид симптоми“ со предавачи проф. д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести и доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, од Медицинскиот факултет во Скопје. Пријавувањето за модулот се врши на следната е-маил адреса: […]

ПОТПИШАН ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА ДЕЦА И МЛАДИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Министерството за здравство се залага за подигнување на свесноста на здравствените работници и зајакнување на капацитетите на јавните здравствени установи, како одговор на потребите на лицата со попреченост, потенцираше министерот за здравство, д-р Беким Сали на денешниот настан по повод потпишување на Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост, кој беше подготвен […]

ВО НОВАТА ГОДИНА УШТЕ ЕДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ЦРН ДРОБ, БУБРЕЗИ И КОСКЕНИ ТКИВА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР

Новата година ја почнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива. Рано утрово на Хируршките клиники  започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање. – Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два […]

ДОДЕЛЕНО НОВО ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА МЕНТОРИРАЊЕ И ЕДУКАЦИЈА ЗА УРОЛОГИЈА НА ДУТ

Уште еден чекор напред во унапредувањето на специјалистичките области што се прават меѓу Државниот универзитет Тетово и Клиничката болница Тетово – денес е доделено ново овластување за менторирање и едукација и во областа хируршка урологија. Со ова, за релативно краток период обезбедивме овластувања за вкупно 8 области, како што се: гинекологија, педијатрија, психијатрија, кардиологија, општа […]

МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ, СТОМАТОЛОЗИ И ГИНЕКОЛОЗИ ОД 1 ЈАНУАРИ СО ПОГОЛЕМ КАПИТАЦИСКИ БОД ЗА ПАЦИЕНТ

Од 1 јануари, 2023 г. се зголемува вредноста на капитацискиот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози, бодот се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице. Ова е резултат на повеќемесечни заложби и разговори со ЛКМ, Стоматолошка комора, Здружение на приватни […]

ОБРАЌАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ САЛИ НА СТРУЧЕН СОСТАНОК ЗА НОВИНИ ВО ОФТАЛМОЛОГИЈАТА

Новините во офталмологијата беше тема на стручниот состанок во организација на Македонската асоцијација за офталмолошка хирургија, на кој свое обраќање имаше министерот за здравство, д-р Беким Сали. – Верувам дека овој стручен состанок посветен на новините во областа на офталмологијата ќе резултира со бројни научни заклучоци и согледувања, како и нови техники и пристапи во […]