ПОТПИШАН ПРАВИЛНИКОТ ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА ДЕЦА И МЛАДИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Министерството за здравство се залага за подигнување на свесноста на здравствените работници и зајакнување на капацитетите на јавните здравствени установи, како одговор на потребите на лицата со попреченост, потенцираше министерот за здравство, д-р Беким Сали на денешниот настан по повод потпишување на Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост, кој беше подготвен од Владата со поддршка на УНИЦЕФ и националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН.

Стручните тела досега реализираа над 2100 проценки, при што родителите се ослободени од трошоци за вршење на проценката.

Сподели на:

Related Posts