СКРИНИНГОТ И ХПВ ВАКЦИНАЦИЈАТА – НАЈДОБРА ПРЕВЕНЦИЈА ЗА РАК НА ГРЛО НА МАТКА

Можностите за справување со ракот на грлото на матката и унaпредување на женското репродуктивно здравје преку подигнување на свеста за ова заболување, беа клучните теми на панел дискусијата што се одржа во Скопје, во организација на УНФПА и Министерството за здравство.

Експерти од националната комисија за превенција и рана детекција на рак на грлото на матката, националната комисија за имунизација, Управата за електронско здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари и Македонско лекарско друштво, говореа за состојбата во државата, постојните услуги, јакнење на националните партнерства и создавање ефективни мерки базирани на докази.

Беше заклучено дека е потребно подигање на јавната свест во однос на ХПВ-вакцините, како најдобра превенција за спречување рак на грлото на матката и помасовен скрининг за ова малигно заболување.

Сподели на:

Related Posts