ПОЧЕТНА

ВНУКАТА НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ Е ВАКЦИНИРАНА ПО РЕДОВНИОТ КАЛЕНДАР ЗА ИМУНИЗАЦИЈА, СООДВЕТЕН ЗА НЕЈЗИНАТА ВОЗРАСТ

Информациите на социјалните медиуми дека министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче ја вакцинирал неговата внука Илина од МРП вакцина е лажна вест! На социјалната мрежа Фејсбук, министерот Филипче објави информација и фотографија како ја вакцинира внуката со вакцина од редовниот календар на имунизација, со цел со неговиот личен пример да и покаже на јавноста […]

ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ СЕ 4,328 ДЕЦА СО МРП ВАКЦИНА, РОДИТЕЛИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство информира дека денеска (26 јануари 2019 година) до 13:00 часот вакцинирани се 24 деца или вкупно 4 328 деца со МРП вакцини. Во текот на вчерашниот ден на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби примен е 19 годишен пациент, префрлен од Клиниката за детски болести, кој добил морбили и е во потешка […]

ДЕЦАТА ЗАБОЛЕНИ ОД МОРБИЛИ СЕ ВО СТАБИЛНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА, АПЕЛ ДО РОДИТЕЛИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби Милена Стевановиќ и директорката на Клиниката за детски болести Катарина Ставриќ, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа дека за едно деноноќие на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 2 нови случаи со морбили (мали сипаници). Во моментов, на клиниката има вкупно 20 пациенти со потешка […]

ПОСТАПКАТА ЗА НАБАВКА НА ЗАШТИТНИ МАСКИ ЗА ЛИЦАТА СО ЗДРАВСТВЕН РИЗИК Е ВО ПОДГОТВИТЕЛНА ПРОЦЕДУРА

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е во подготвителна процедура постапката за набавка на заштитни маски, кои бесплатно ќе ги добијат лицата со здравствен ризик. Штом ќе биде завршена набавката, маските ќе бидат поделени на пациентите. Набавката опфаќа 40 илјади специјални маски, кои штитат од ПМ2 и ПМ 10 честичките. Имајќи предвид дека законските […]

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ПОТПИШАА ПЛАН ЗА СОРАБОТКА ОД ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство на Република Македонија, доц.д-р Венко Филипче и министерот за здравство на Република Бугарија, Кирил Ананиев, денеска во Софија потпишаа План за соработка во областа на здравството за периодот од 2019 до 2021 година. Планот за соработка е потпишан со цел да се продлабочи и поттикне соработката во областа на здравството и медицинските […]

TAIEX МИСИЈА ОД СЛОВЕНИЈА СО ЕКСПЕРТСКИ ИСКУСТВА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НАЦИОНАЛЕН РЕГИСТАР ЗА РАК

Во рамки на инструментот за техничка помош на Европската Комисија (TAIEX), денеска во Управата за електронско здравство почна тридневна експертска мисија за воспоставување национален регистар за рак, на која предавачи се експерти од Институтот за онкологија од Република Словенија и од словенечкиот национален регистар на рак, кој е еден од најстарите и најквалитетните регистри во […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН ДЕЛ ОД КЛИНИКАТА ЗА ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, каде во тек е реконструкција на одделите за хоспитализација на пациенти при клиниката.  Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Софија Пејкова, изјави дека станува збор за комплетна реконструкција на болничките соби, кујната, сите тоалети и […]

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНОВАЦИИ ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ, ИНОВАЦИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА НА АВСТРИЈА

Во Виена, Република Австрија, денеска беше потпишан заеднички договор за имплементација на австриските искуства во областа на иновации во медицината меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија.  Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека со овој договор Министерството за здравство се приближува кон европските […]

ТРОЈЦА НОВИ ПАЦИЕНТИ СО КЛИНИЧКА СЛИКА НА МОРБИЛИ, ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ 2.925 ДЕЦА

Информираме дека од прогласувањето на епидемијата на морбили до денес вакцинирани се вкупно 2.925 деца, а само денеска до 13 часот вакцинирани се 181 дете. Во текот на викендот, вакциналните пунктови ќе работат од 7:30 до 13 часот, а од понеделник пунктовите ќе продолжат да работат во две смени од 7:30 – 19 часот. На […]

СПАСЕН ПАЦИЕНТ СО МОЗОЧЕН УДАР, СО НОВАТА КОМБИНИРАНА МЕТОДА НА ТРОМБОЛИЗА И ТРОМБЕКТОМИЈА

На пациент кој доживеал мозочен удар, поради запушување на магистрален крвен сад во мозокот, завчера тим  лекари невролози, анестезиолози и радиолози, му го спасиле животот со помош на новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, која кај нас веќе станува практика. Оваа метода се применува во сите сите современи клиники во Европа и Америка. Станува […]