ПОЧЕТНА

МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СМРТНОСТА НА ДОЕНЧИЊАТА И РОДИЛКИТЕ

Краткорочни до три месеци и долгорочни до шест месеци се мерките што се планираат за намалување до минимум на смртноста на новороденчињата и родилките во Македонија. Пакетот мерки се подготвени во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и денеска ги претстави министерот за здравство Венко Филипче кој, рече, силно верува дека ќе […]

ИНФОРМАЦИЈА ОД МЗ

Во врска со настанот на Клиниката за гинекологија кој е објавен во дел од медиумите, Министерството за здравство информира дека е разговарано со директорката на Клиниката за гинекологија. По спроведување на законските процедури и утврдување на околностите, дополнително ќе ја информираме јавноста.

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА САД

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли. На средбата амбасадорот беше запознаен со актуелната состојба во македонското здравство, како и мерките и активностите кои во наредниот период ќе бидат имплементирани со цел унапредување на здравствената заштита во целата држава. Исто така, стана збор за нови […]

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон. Во рамки на средбата, стана збор за продлабочување на соработката меѓу двете земји во насока на подигнување на квалитетот на здравствените услуги.

ПРЕСТАНУВА ВАЖЕЊЕТО НА ПРЕПОРАКИТЕ И МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ

Престанува важењето на препораките и мерките за заштита од загадувањето на амбиентниот воздух во Скопје Министерството за животна средина и просторно планирање, кое се повикува на податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух, соопштува дека  среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 200 мg/m3, во текот два […]

СООПШТЕНИЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денес (01.02), во работен однос во Министерството е ангажиран Јосиф Мишевски, дипломиран фармацевт, кој ќе работи во секторот фармација. Истовремено ова лице ќе биде активно вклучено и во креирање на Програмата за ретки болести. Имајќи во предвид дека лицето спаѓа во категоријата лица со ретки болести (со дијагноза […]

ДЕЖУРНИТЕ ПУНКТОВИ ВО СКОПЈЕ ВО СЛУЖБА НА ГРАЃАНИТЕ

Министерството за здравство ги информира граѓаните дека на подрачјето на град Скопје редовно функционираат осум дежурни пунктови во служба на сите пациенти, кои имаат потреба од здравствена услуга во ноќните часови. Апелираме сите пациенти, вклучувајќи ги и најмладите пациенти, доколку имаат потреба најпрво да се обратат до дежурните пунктови во поликлиниките на подрачјето на Скопје, […]

ДЕМАНТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Во врска со објавените наводи во дел од медиумите дека не е пријавена имотната состојба на министерот за здравство до Државната комисија за спречување корупција, информираме дека министерот за здравство, д-р Венко Филипче во целост го има запазено рокот за пријавување на имотот, односно поднесена е пријава на 25.01.2018, во рамки на законскиот рок и […]

ЕВРОПСКА НЕДЕЛА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД РАК НА ГРЛО НА МАТКА

Во Министерството за здравство се одржа прес конференција по повод одбележување Европска недела за превенција од рак на грло на матка, што годинава се одбележува во периодот од 28 јануари, до 03. февруари. -Министерството за здравство е посветено на континуирано унапредување на превенцијата од ова заболување и токму со цел рана превенција, а истовремено и […]

СТАПУВААТ НА СИЛА ПРЕПОРАКИТЕ И МЕРКИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА НАДМИНАТ ПРАГ НА АЛАРМИРАЊЕ ЗА ПМ 10 ЧЕСТИЧКИ

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 200 мg/m3 во текот на два последователни денови) дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и […]