ПОЧЕТНА

УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР ВО СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА-ЧАИР ОПРЕМЕН ПО СИТЕ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка тереза“-Чаир пуштен е во употреба целосно реновираниот ургентен центар опремен по сите европски стандарди. Министерот за здравство, д-р Венко Филипче по тој повод истакна дека во изминатите четири години овде се направени многу значајни инвестиции, а сето тоа врз основа на добро направениот план кој ги опфаќа […]

ПОСЛЕ 70 ГОДИНИ ЦЕЛОСНО РЕНОВИРАНИ 1.300 КВАДРАТНИ МЕТРИ НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА

Од денеска во функција на пациентите се реновираните простории на УК за ортопедија со што се заокружи планот за целосна обнова на зградата на хируршките клиники, во која 70 тина години не беше сменето ништо. Клиниката за ортопедија, сега после многу години ги добива најсовремените услови и стандарди, истакна во изјава за медиумите министерот за […]

ОД ЈАНУАРИ ЌЕ СЕ ИСПЛАЌА МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТ ЗА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ КОИ ПОЧНАА СО СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ВО СЕПТЕМВРИ ГОДИНАВА

Министерството за здравство ги информира приватните специјализанти кои почнаа со специјализација од септември 2021 година дека месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година. На специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година.За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за […]

ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА НОВИОТ ТОМОГРАФ ВО ОБ КИЧЕВО – БОЛНИЦАТА „СВЕТИ ЕРАЗМО“ ВО ОХРИД ОД ЕУ ДОБИ АПАРАТ ЗА КОМПЈУТЕРСКО СНИМАЊЕ, ПРВ ВО РЕГИОНОТ ПО ПОЛА ВЕК

Општа болница Кичево првпат добива најсофистициран апарат за компјутерска томографија (КТ). Кичевци повеќе нема да патуваат до Гостивар, Тетово или Скопје за преглед. Веќе пациентите нема да бидат во агонија додека чекаат термин за дијагностицирање или контрола на сериозни заболувања. -Со новите апарати овозможуваме полесна работа и на специјалистите од различни области. Изразувам голема благодарност […]

МЗ: 67% ОД ПОЗИТИВНИТЕ СЛУЧАИ И 98% ОД ХОСПИТАЛИЗИРАНИТЕ СО КОВИД-19 СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август, заклучно со 16 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 16.12.2021 на територија на државата […]

ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 1.736.243 ДОЗИ ВАКЦИНИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 48% ОД ПОЛНОЛЕТНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА

Заклучно со 14 декември, вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно се аплицирани 1.736.243 дози вакцини.Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48%, а 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани. 22% од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза […]

НЕВАКЦИНИРАНИ 69% ОД ПОЗИТИВНИТЕ СО КОВИД-19 И 79% ОД ПОЧИНАТИТЕ

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 2 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 02.12.2021 на територија на државата 60.772 […]

ИСТРАЖУВАЊЕ НА МЗ ЗА ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНИТЕ ЗА КОВИД 19 ВРЗ ПОПУЛАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ОД 16.691 ХОСПИТАЛИЗАЦИИ, 1.114 СЕ РЕГИСТРИРАНИ ПО ВАКЦИНАЦИЈА

Вакцините против КОВИД-19 се високоефективни и во македонската популација во спречување тешка болест и смрт. Вакцините од различните производители немаа големи разлики во нивната ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, но имаа разлики во спречување хоспитализација. Една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се […]

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ НА СИДА – ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ УСПЕШНОТО ПАРТНЕРСТВОТО МЕЃУ ВЛАДАТА И ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

Од исклучителна важност е успешното партнерството меѓу Владата и граѓанскиот сектор во справувањето со еден комплексен проблем како што е ХИВ. Направивме предлог-измени на Законот за здравствена заштита, за активно учество на граѓанскиот сектор во превенција на ХИВ. Буџетот на Програмата за ХИВ за 2022 година ќе се зголеми од 87,7 на 125 милиони денари. […]

ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНИ САЛИ ЗА КЛИНИЧКА И ПРАКТИЧНА НАСТАВА, ОПРЕМЕНИ СО НАЈСОВРЕМЕНА СТОМАТОЛОШКА ОПРЕМА

Младите лекари се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукација како и условите во кои работат. Во функција на наставната, научната и применувачката дејност на Стоматолошкиот факултет, пуштени се во употреба реконстуирани сали за клиничка и практична настава, опремени со најсовремена стоматолошка опрема. На состанокот со деканот на Стоматолошкиот […]