ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН И ЗАМЕНИК НА НАЦИОНАЛНИОТ КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Кандидатот за национален и заменик на националниот координатор за трансплантација, согласно член 55 од Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување (Службен весник на РМ 47/2011, 136/2011, 91/2013, 164/2013, 27/2014, 112/2014, 144/2014, 124/2015, 149/2015 и 37/2016), треба да ги исполнува следните услови:

  1. Да има завршено медицински факултет со просек од најмалку 8,0
  2. Положен стручен испит
  3. Специјализација од хируршка или интернистичка гранка на медицината
  4. Најмалку пет години работно искуство во соодветната специјалност
  5. Да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност,
  6. Да е државјанин на Република Македонија
  7. Активно да го владее македонскиот јазик

Доколку кандидатот биде избран за национален координатор, во рок од шест месеци од изборот ќе полага психолошки тест и тест за интегритет, и ќе достави доказ за исполнетост на условот активно да го познава англискиот јазик, што се докажува со еден од следниве меѓународно признаени сертификати:

– ТОЕФЕЛ (TOEFEL) – најмалку 74 бода за електронско полагање преку компјутер, не постар од три години од денот на издавање

– ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, не постар од три години од денот на издавањето

– ТОЛЕС (TOLES) – базично познавање (Foundation level)

– ИЛЕК (ILEC) – положен со успех најмалку Б2 (B2), Кембриџ сертификат за прелиминарен англиски (Cambridge Certificate of Preliminary English) – Б1 (B1) и

– меѓународно признаени сертификати за познавање на англискиот јазик од областа на медицината.

  1. Националниот координатор за трансплантација го избира Владата на РМ по објавен оглас, за период од четири години.
  2. Лично подготвената пријава, придружена со кратка биографија и документацијата за исполнување на условите од точката 1 од овој повик, кандидатите може да ја достават во рок од 15 дена од објавување на огласот, лично во архивата на Министерството за здравство или по пошта на следната адреса:
    Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија“, бр. 14, Скопје. Co назнака ОГЛАС за национален и заменик на националниот координатор за трансплантација
Сподели на:

Related Posts