ПОЧЕТНА

ФИЛИПЧЕ: ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ПРЕМОРЕНИ, НО НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ, ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, вчера, по 10. седница на советот за безбедност истакна дека сега е најтешкиот период во справувањето со коронавирусот, а здравствените работници се под огромен притисок, но не се откажуваат. -Насекаде се истите мерки имплементирани. Помалку или повеќе тоа се модификации на истите принципи на превенција на спречување на […]

ФИЛИПЧЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ, БОЛНИЦИТЕ И КАДАРОТ СЕ ПОД ГОЛЕМ ПРИТИСОК

Од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, апелираше министерот за здравство, доц.д-р Венко Филипче во синоќешното интервју на телевизија Сител. Министерот рече докодлку заразата се шири со оваа динамика многу брзо ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците. […]

ФИЛИПЧЕ: ОБЕЗБЕДУВАМЕ КРЕВЕТИ И КАДАР, НО ОДИ СЀ ПОТЕШКО

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека болничките капацитетите сé повеќе се исполнуваат, во инфективните одделенија во здравствените установи кои третираат ковид пациенти. Сите интерни одделенија и медицинскиот кадар се целосно мобилизирани. Здравствениот систем секојдневно се менаџира. Пациентите кои имаат полесна клиничка слика се пуштаат […]

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 28 ПАЦИЕНТИ, А ВКУПНО СЕ ЛЕКУВААТ 426 БОЛНИ СОМНИТЕЛНИ И ПОТВРДЕНИ ЗА КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно19 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализрани на Институтот за белодробни […]

БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ОД УТРЕ ВО ШТИП, ГОСТИВАР, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И КИЧЕВО

Во пет здравствени институции во државата од утре ќе се врши тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и во општата болница во Кичево. Лаборанти од овие установи минатата недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките […]

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА ХОСПИТАЛИЗОИРАНИ 40 ПАЦИЕНТИ СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на ковид – 19. На интерните клиники имало вкупно10 приеми и тоа 6 во ковид центарот на Клиниката за Кожни болести и 4 пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за […]

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 1321 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 42540, ОЗДРАВЕНИ СЕ 433 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 26 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3836 тестирања, а регистрирани се 1321 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-583, Куманово-100, Дебар-12, Штип-40, Прилеп-57, Тетово-80, Струга-13, Велес-64, Битола-50, Охрид-31, Кавадарци-23, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-15, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-8, Кочани-29, Пробиштип-6, Демир Хисар-10, Македонски Брод-2, Пехчево-5, Берово-3, Валандово-4, Виница-13, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-12, Кичево-35, […]

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ЗА ПЕРИОД 2-8.11.2020: РАСТЕ БРОЈОТ НА КОВИД ПАЦИЕНТИ, НАЈМАЛКУ ЗАРАЗЕНИ СЕ ДЕЦА

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 2 до 8 ноември, 2020 г зголемен е бројот на ковид пациенти. Тестирани се вкупно 19.719 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,3%, во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.280 нови позитивни случаи […]

МУЗИЧКИТЕ ЅВЕЗДИ ПОРАЧУВААТ „НОСАМ МАСКА“ ЗА ПОВТОРНО ДА СВИРИМЕ ПРЕД МНОГУ ПУБЛИКА, „НОСАМ МАСКА“ ЗА СЕБЕ И ЗА ТИЕ ШТО ГИ САКАМЕ

Музички уметници, македонски естрадни, ја поддржуваат кампањата „НосамМаска“. Влатко Стефановски, Никола Перевски, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска преку видео порака порачуваат дека носењето маска значи наскоро отварање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите.   Секој еден од нас има одговорност за грижа […]