ПОЧЕТНА

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО КУМАНОВО ДОБИ ТРИ НОВИ АПАРАТИ

Општата болница во Куманово покрај неколкуте новитети кои беа спроведени изминатиот период, денеска доби уште три нови апарати преку реактивација на проектот кој ќе се работи со организацијата „Проект Хоуп“.  Министерот Филипче истакна дека првиот апарат, кој денеска се донира е гинеколошки кревет за испитување, кој е предвиден да се користи во просторијата за брза […]

ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗДРАВСТВОТО ВО ДВА НАВРАТА СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 5%, ОДНОСНО КУМУЛАТИВНО ЗА 10%

Администрацијата и помошно-техничкиот персонал во здравствениот сектор се дел од целокупната јавна администрација. Министерство за здравство иницираше состаноци за проверка на можноста за изземање на здравствената администрација од останатата за што досега се остварени неколку средби, но потенцираме дека за ова се потребни законски измени. Разговорите на оваа тема продолжуваат и следната година, но до […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ЗА ДВЕ ГОДИНИ РЕАЛИЗИРАНИ НАД 30 ПРОЕКТИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ – РЕНОВИРАНО ДЕТСКО ОДДЕЛЕНИЕ, НОВ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР И СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети Општата болница со проширена дејност Кавадарци. -Во изминативе две години се спроведени повеќе од 30-тина проекти во оваа установа, со што е значително зголемено нивото на здравствена заштита на нашите пациенти и воедно е остварена примарната цел за приближување на медицината до крајните корисници. Извршено е […]

ДИРЕКТОРОТ ВАСЕВ: НАБАВЕНИ НОВИ 30 БИОЛОШКИ ЛЕКОВИ И ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ЗА ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ

Директорот на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија д-р Нино Васев, утрово гостуваше во утринската емисија телевизија Сител, каде разговараше за набавените нови 30 биолошки лекови и психолошката поддршка за онколошките пациенти.   „Оваа година ја завршуваме оптимистички, веќе пет месеци имаме нови биолошки терапии за 30 видови на лекови, што е еден наш голем […]

ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА ДВА НОВИ АПАРАТИ НА КЛИНИКАТА ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод ставање во функција два нови апарати, Рет кам фото-камера за рана детекција на ретинопатија кај предвремено родените деца и ангиограф за детекција на промените во крвните садови кај одредени болести како што е глаукомот. Станува збор за прва […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО БОРКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ПАЦИЕНТИТЕ СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на годишниот завршен состанок на членовите на извршниот одбор и собранието на БОРКА, во просториите на Здружението за борба против рак „БОРКА за секој нов ден“. На оваа средба, на министерот Филипче му беше врачена благодарница за несебичното залагање и поддршка во реализација на активностите и […]

БУЏЕТОТ ЗА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ Е ДУПЛИРАН, ВО 2020 ПРЕДВИДЕНО Е ДА ИЗНЕСУВА 527 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ВО 2017 ИЗНЕСУВАЛ 213 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Министерството за здравство води вистинска грижа за пациентите со ретки болести. Покрај воведувањето на новите лекови и овозможувањето на потребната терапија за пациентите, воспоставувањето на електронски регистар за оваа група на пациенти, исто така во континуитет се зголемува и буџетот за ретките болести. Во 2020 година, предлог-буџетот за ретките болести е дуплиран и предвидено е […]

ВОВЕДОВМЕ 6 НОВИ ЛЕКОВИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

Министерството за здравство, во изминативе две години направи значајни подобрувања за лицата со ретки болести. Воведени се шест нови лекови, за пациентите со: спинална мускулна атрофија, фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше и лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза. Минатата година, за првпат беше воспоставен […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ОДЛИЧНО ФУНКЦИОНИРА ПАТРОНАЖНАТА СЛУЖБА ВО КОЧАНИ, ПОСЕТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 1300 ДОМАЌИНСТВА

Мобилниот сервис за здравствени и социјални услуги, кој минатата година почна да се имплементира во општина Кочани ја постигна целта. При денешната посета на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во Општата болница со проширена дејност Кочани, изјави дека со овој сервис се зајакнаа интегрираните услуги за нега и заштита на населението од здравствен […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, Д-Р ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ВО СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИТЕ И НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ИЗГОТВИВМЕ НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ 2020 – 2030

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на промоција на Националната стратегија за ретки болести на Република Северна Македонија 2020-2030, која се одржа во канцеларијата на Претседателот на државата, Младихаб. – Оваа Национална Стратегија за ретки болести ја изработивме со Фондот за здравствено осигурување, МАЛМЕД, Министерството за труд и социјална политика, граѓанските организации и […]