МИНИСТЕРСТВО

ВТОРА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ВО ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ, СО КОСКА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР КАЈ 19 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ

Уште една успешна трансплантација со коска од починат донор, втора во изминатово деноноќие. Трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа. – Во минатото корекција на деформитет се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата која се земала од пациентот. Притоа се […]

ПРВИ БЕБИЊА ГОДИНАВА НА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И ВО БОЛНИЦАТА ВО ЧАИР

Со убави вести ја почнуваме новата година. На Клиниката за гинекологија точно една минута по полноќ се роди првото бебе годинава. Здраво машко бебе тешко 3190 грама, долго 50 сантиметри. Ова беше повод за посетата на министерот Таравари на Клиника за гинекологија заедно со сопругата Нора Таравари, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, заменикот министерот за […]

СРЕДБА МЕЏИТИ-ШАЉА: ЗАЕДНИЧКА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МАСТЕР ПЛАНОТ ЗА ПЕРИНАТАЛНА НЕГА

На денешната средба на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, со шефицата на канцеларија за Фондот на население на Обединетите нации-УНФПА, Афродита Шаља се разви дискусија во поглед на продлабочување на тековната соработка. Во фокусот на оваа средба беше соработката на повеќе полиња, како што се: мајчино здравје, планирање на семејство, рак на грлото на […]

ПРОМОВИРАНА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА BEBBO – ПРИМЕР ЗА МЕЃУСЕКТОРСКА СОРАБОТКА ЗА ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА ОД 0 ДО 6 ГОДИНИ

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, денес присуствуваше на промоцијата на мобилната апликација Bebbo, изработена од регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Средна Азија. Оваа апликација нуди поддршка на родителите на деца од 0 до 6 години, поврзана со здравјето и нивниот развој. Здравјето на детето почнува уште во перинаталниот период и е поврзано […]

МЗ:ПРИСТИГНАА 20.000 ВАКЦИНИ АСТРА ЗЕНЕКА,ДОНАЦИЈА ОД ХРВАТСКА

Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата. Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи […]

НОВО ВОЗИЛО ЗА ИМП ДОБИВА ПОЛИКЛИНИКАТА ШУТО ОРИЗАРИ

Поликлиниката во Шуто Оризари ќе добие медицинско возило за брза помош и ќе обезбеди плати за две лица од Ромска националност кои ќе бидат ангажирани во период од две години. Со оваа поддршка ги јакнеме капацитетите на Ромската заедница преку редовни здравствени прегледи, преку едукација за важноста на прегледите, преку правото за вакцинација, со цел […]

МЗ: ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА СТАВЕН ВО УПОТРЕБА НОВ АПАРАТ SPECT-CT ГАМА КАМЕРА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска ја посети Клиничката болница во Битола. Во рамки на проектот „ Меѓународна агенција за атомска енергија од Виена“, беше дониран нов апарат кој ќе служи за функционални испитувања на тироидната жлезда, бубрезите, венската циркулација и малигните заболувања.   Со употребата на овој апарат се нуди дополнителен квалитет на […]

НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА ПРВПАТ ИЗВЕДЕНА АФЕРЕЗА НА ПЕРИФЕРНИ МАТИЧНИ КЛЕТКИ КАЈ ДЕТЕ

Универзитетската Клиника за хематологија, во соработка со Универзитетската Клиника за детски болести, реализира афереза на периферни матични клетки кај 9 годишно дете, ХЛА ДНК идентичен донор на матични клетки за сестра која боледува од акутна леукемија и на која и е потребен третман со трансплантација на матични клетки. Со оваа соработка се отвара можност и […]

НА ОРТОПЕДИЈА ПРИ ТОАРИЛУЦ ПУШТЕНО ВО ФУНКЦИЈА ЦЕЛОСНО ОПРЕМЕНО РЕНОВИРАНО КРИЛО

По цели 70 години реновиран е и пуштен во употреба Блокот А на Клиниката за ортопедија, при ТОАРИЛУЦ. На оваа клиника се лекуваат пациенти со малигни заболувања на коскениот систем, пациенти кои имаат потешкотии по операциите и деца кои се лекуваат од истите болести. Со реновирањето на овој оддел се подобруваат болничките услови на пациентите […]