Поликлиниката во Шуто Оризари ќе добие медицинско возило за брза помош и ќе обезбеди плати за две лица од Ромска националност кои ќе бидат ангажирани во период од две години. Со оваа поддршка ги јакнеме капацитетите на Ромската заедница преку редовни здравствени прегледи, преку едукација за важноста на прегледите, преку правото за вакцинација, со цел да им се олесни пристапот до здравствена заштита и да развијат навики за грижа на сопственото здравје. Со фондацијата отворено општество Сорос потпишавме два меморандуми, за „Спроведување на ургентни интервенции во поликлиниката Шуто Оризари“ и меморандум за„Промовирање на развојот на претприемништвото на Ромите во Република Северна Македонија“. Целта на соработката за развој на претприемништвото е да ги поддржи постојните бизниси и да вложи дополнителни финансиски средства за потикнување и развој на реализирање на нови бизнис идеи кај Ромското население со цел подобрување на социо-економскиот статус во општеството.
Related Posts
МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ УЧЕСТВУВА НА 74. РЕГИОНАЛЕН СОСТАНОК НА СЗО
октомври 29, 2024
МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
октомври 24, 2024
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АМБУЛАНТАТА ВО ЗЕЛЕНИКОВО
октомври 24, 2024