Сектор за нормативно – правни и управни работи

Секторот за нормативно – правни  и управни работи подготвува нацрти на закони и подзаконски акти од областа на здравството, проучува прописи од областа на здравството; подготвува анализи, информации, извештаи и мислења; разменува информации, мислења и искуства во соработка со другите органи на управата и води управни постапки за основање и статусни промени на здравствените установи. Секторот  […]

Сектор за здравствено осигурување, следење и надзор на работата на ФЗОМ

Секторот се состои од две одделенија и тоа: –       одделение за здравствено осигурување –       оделение за следење и надзор на работата на ФЗОМ Главна цел на секторот е подобрување во остварувањето на правата од здравственото осигурување на осигурениците и поголема ефикасност на системот на здравствено осигурување, донесување на поефикасни законски решенија за правата на осигурениците […]

Сектор за финансиски прашања

Секторот за финансиски прашања има за цел да ги следи и применува законите и подзаконските акти од областа на буџетското и материјалното – финансиско работење, управување со јавните средства на законски, правилен, етички, економичен, ефективен и ефикасен начин, врши правилно евидентирање на финансиските трансакции и навремено финансиско известување и следење на резултатите од работењето. Врши подготовување […]

Сектор за управување со човечки ресурси

Секторот за управување со човечки ресурси ги врши работите кои се однесуваат на методолошка, организациска и техничка поддршка во изработка на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, планирање и екипирање на човечките ресурси, пополнување на работните места преку вработување со јавен или интерен оглас, прераспоредување, воведување во работата и менторство, оценување на […]

Сектор за меѓународна соработка и техничка помош на кабинет

Секторот за меѓународна соработка и техничка помош на кабинет има за цел остварување програми и проекти што произлегуваат од билатералната и мулилатералната соработка и техничката помош  во надлежност на секторот; да  остварува постојана соработка и средби со претставници на меѓународни владини и невладини организации и специјализирани агенции,  да предлага пристапување кон конвенции и протоколи  на […]

Семејната медицина во Македонија

Владата на Република Македонија во 2007 година усвои документ  – Здравствена стратегија на Република Македонија 2020 да воведе категорија специјализирани семејни лекари како водечки членови на тимовите (тим лидери) во Примарната Здравствена Заштита. Во моментов, во ПЗЗ работат различни профили на лекари (општи лекари, специјалисти по општа медицина, педијатри, специјалисти по школска медицина, специјалисти по […]

Сектор за примарна здравствена заштита

Секторот за примарна здравствена заштита е надлежен за решавање на проблемите од областа на примaрната здравствена заштита според Законот за здравствената заштита, Законот за здравственото осигурување и други позитивни прописи кои се во сила. Секторот за примарна здравствена заштита има три одделенија: Одделение за организација и функционирање на примарната здравствена заштита Изготвува планови и спроведува […]

Национална програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА)

Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА) е сеопфатен долгорочен документ кој ја дефинира динамиката на усвојувањето на правото на ЕУ, стратегиските насоки, политиките, реформите, структурите, ресурсите и роковите што треба да се реализираат со цел Република Македонија  да ги исполни условите за членство во Европската унија. Националната програма за усвојување на правото на […]

Историјат на развојот на односите меѓу Република Македонија и Европската унија

Поважни настани во развојот на односите меѓу Република Македонија и Европската унија по хронолошки редослед: Во октомври 1992 година Република Македонија назначи свој претставник во Брисел; На 22 декември 1995 година Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи кога Европската унија ги отвори преговорите со Република Македонија во насока на склучување на спогодба со […]

Сектор за европски интеграции

АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ Учествува во работењето на работните тела за тековно усогласување на домашното законодавство со меѓународните норми и стандарди, како и за спроведување на Спогодбата за соработка меѓу Република Македонија и Европската унија, организира поддршка и учествува непосредно во преговори за пристапување кон ЕУ, го координира планирањето  на приоритети и потреби кои произлегуваат од […]