Сектори

НОВА СИСТЕМСКА МЕРКА ЗА ДОМАШНА ПОСТОПЕРАТИВНА ГРИЖА ЗА ОПЕРИРАНИТЕ ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство почнува со нова системска мерка за развој на вонболничка (домашна) постоперативна грижа, информира денеска на прес-конференција државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев. Сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект, а оперираните пациенти се тие кои ќе имаат најголема корист. – Целта […]

ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ ЗА ИСПЛАТА НА ДЕЖУРСТВАТА И НОЌНИОТ ТРУД

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со претседателот на Самостојниот синдикат на универзитетските клиники, д-р Горан Беговиќ и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, д-р Љубиша Каранфиловски. Преговорите за исплата на дежурствата и ноќниот труд на докторите, медицинските сестри, транспортерите, гипсерите и протетичарите се во финална фаза. Дежурствата […]

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ДИНАМИКАТА НА ГРАДБА НА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.  На средбата се разговараше за динамиката за градење на новиот клинички центар, како и за натамошно унапредување на заедничката соработка меѓу двете институции.

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА ВОНРЕДНИ СОСТОЈБИ ЗА МИГРАЦИЈА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска учествуваше на тркалезна маса за развивање платформа за сеопфатен национален план за вонредни состојби во областа на миграцијата, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во рамки на своето обраќање, д-р Милошев потенцираше дека за време на мигрантската криза, здравствениот сектор ги презема сите […]

ПРОМОВИРАНА ИНТЕРНЕТ АЛАТКА ЗА САМОПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД ДРОГИ

Во центарот за превенција и третман на зависности од дрога во Кисела вода  беше  промовирана интернет алатка за самопроценка на ризикот од употреба на дроги, што претставува рана детекција и брза интервенција за да се опфатат младите, кои употребуваат супстанци, а кои досега не побарале помош од постојните програми. Д-р Лилјана Игњатова, постојан дописник на […]

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО УНФПА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со претставници од регионалната канцеларија на Фондот за Обединетите нации за население (УНФПА), меѓу кои и д-р Доина Болога, регионален директор на Канцеларијата на УНФПА, на која стана збор за можностите за продлабочување на соработката и реализација на конкретни мерки за унапредување на на здравјето на […]

РАБОТНА СРЕДБА СО СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба разговараа за предизвиците на здравствениот систем, предвидените реформи, како и можноста за соработка меѓу Министерството за здравство и Секретаријатот за европски прашања, особено во делот на странската помош наменета за здравствениот систем. Приближувањето кон Европската Унија, не значи само […]

  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ЈАВЕН ОГЛАС За запишување кофинансирана приватна специјализација или супспецијализација за доктори на медицина кои имаат запишано приватна специјализација вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година  Врз основа на  член 150-г од Законот за здравствена заштита (Сл. Весник на Република Македонија број 17/16), и […]

Предлог – Закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции

Член 1                 Во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции („Службен весник на Република Макеоднија“ бр.103/08, 124/10, 164/13 и 149/15) во член 3 по точката 30 се додаваат три нови точки 31, 32 и 33, кои гласат: 31. „Коноп“ се сите надземни свежи или суви делови на растението, освен семето од различни […]

Модел на статут на јавни здравствени установи

Почитувани, на следниве линкови можете да ги преземете моделите на статути за јавна здравствена установа. Модел на статут на јавна здравствена установа – Здравствен дом Модел на статут на јавна здравствена установа – Општа болница Модел на статут на јавна здравствена установа – Специјална болница Модел на статут на јавна здравствена установа – Клиничка болница […]