Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со претседателот на Самостојниот синдикат на универзитетските клиники, д-р Горан Беговиќ и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, д-р Љубиша Каранфиловски.
Преговорите за исплата на дежурствата и ноќниот труд на докторите, медицинските сестри, транспортерите, гипсерите и протетичарите се во финална фаза. Дежурствата и ноќниот труд ќе се пресметуваат по нови покачени коефициенти, а исплатата ќе биде со мартовската плата. За оние кои веќе ја примиле мартовската плата дополнително ќе им се исплати разликата.
За таа цел, веќе е одвоена дополнителна сума од страна на буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а исплатата ќе се изврши по потпишување на договорот.