ПРЕС ЦЕНТАР

ЛЕКОВИТЕ НА РЕЦЕПТ И СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ УСЛУГИ СЕГА ПОДОСТАПНИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

Владата на Република Северна Македонија, на 148. седница ја усвои Предлог-уредбата за изменување на Уредбата за мрежата на здравствени установи. Со измените на Уредбата се овозможува проширување на мрежата на здравствени установи во делот на аптеките и руралните аптеки, како и во делот на специјалистите на секундарно ниво на здравствена заштита. Ова значи, дека се […]

ВО КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“ И СЕГА И ПОНАТАМУ ЌЕ СЕ ИЗВРШУВААТ КАРДИОХИРУРШКИ ОПЕРАЦИИ НА ДЕЦАТА, КОИ СЕ НА ТОВАР НА ФОНДОТ СО ЕКСПЕРТИЗА ОД НАШИ ДОКТОРИ И ДОКТОРИ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Во врска со јавно изнесените информации во повеќе медиуми, Министерството за здравство информира дека досега до нас нема најава за оставки на доктори, но и доколку одредени доктори по сопствена иницијатива сакаат да ја напуштат Клиниката „Жан Митрев“, тоа не значи престанок на спојувањето на експертизите во државно и приватно здравство за унaпредување на квалитетот […]

На владина седница, усвоена е Информацијата за започнување на реализација на нов Универзитетски Клинички Центар на greenfield локација во Скопје

На денешната 148. седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата за започнување на реализација на нов Универзитетски Клинички Центар на greenfield локација во Скопје и го задолжува Министерството за здравство како договорен орган да ја спроведе постапката за јавна набавка. За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локацијата во […]

СОБРАНИЕТО ГИ УСВОИ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА, ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА И ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР

Министерството за здравство ја информира јавноста дека Собранието на Република Северна Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита. Со усвоените дополнувања, се бришат одредбите од Законот за здравствена заштита кои се однесуваат на полагањето на испит за директор на здравствена установа, од причина што со полагањето на предвидениот испит за директор […]

ПАТРОНАЖНИТЕ СЕСТРИ СЕ КЛУЧНИ – ПРЕКУ ОБУКИ И ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА РАБОТА ГО ЗАЈАКНУВАМЕ НИВНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ПОДОБРА ИДЕНТИФИКАЦИЈА, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки со поддршка од Министерството за здравство и УНИЦЕФ, денеска, одржаа работен состанок на кој патронажните сестри, директори на здравствени домови, претставници на Министерството и здравствени експерти дисктутираа како целосно да се искористи потенцијалот на патронажните сестри за подобра идентификација, превенција и подобрување на здравјето на населението. Патронажните сестри […]

ЗАВРШЕНА Е ПРВАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ОДДЕЛЕНИЈАТА ВО СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ПО ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО СКОПЈЕ

Завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (стара градска болница). Реновирањето се одвива во неколку етапи. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово ја посети болницата и оствари средба со директорот на болницата д-р Иван Спировски. Третиот кат е целосно реновиран, каде […]

ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ, 1700 ПАЦИЕНТИ ЈА ПОСЕТИЛЕ ДНЕВНАТА БОЛНИЦА ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО РЕСЕН

За шест месеци, 1700 пациенти ја посетиле Дневната болница во Здравствениот дом во Ресен Од декември 2018 година почна со работа Дневната Болница во Здравствениот дом во градот Ресен, прва од овој вид во здравствените домови ширум државата. Досега, 1700 пациенти ја посетиле болницата и граѓаните се задоволни, затоа што не мора да се упатуваат […]

ОДЛИЧНО ФУНКЦИОНИРА МОБИЛНИОТ СЕРВИС ЗА ЗДРАВСТВЕНА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВО РЕСЕН, ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ РЕАЛИЗИРАНИ СЕ 472 ПОСЕТИ

Одлично функционира мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита во општина Ресен и околните места. За шест месеци реализирани се 472 посети. Одлично функционира мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита во општина Ресен и околните места. За шест… Posted by Венко Филипче on Вторник, 16 јули 2019 Сервисот е сместен во Здравствениот дом во Ресен, […]

НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА ОДОБРЕНИ 931 СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА И 130 СУПСПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ ЗА ПЕРИОДОТ 2019-2022, УСВОЕНА ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА ПОТРЕБАТА ОД НАБАВКА НА ЛЕКОТ СПИНРАЗА И УСВОЕН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 141. седница ја усвои предлог програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар, согласно мрежата на здравствените установи (2019-2022) и одобрени се вкупно 931 специјализација. За 2019 година одобрени се 346 специјализации (од кои 22 специјализации се преземања од приватна специјализација, согласно член 150-а од Законот за здравствената […]

ПРЕКУ ПРЕВЕНТИВНАТА ПРОГРАМА ЗА ХИВ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, ВО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР „САКАМ ДА ЗНАМ“ – ВОДНО, БЕСПЛАТНИ УСЛУГИ ОД ДЕРМАТОЛОГ, ГИНЕКОЛОГ, ПСИХОЛОГ И БЕСПЛАТНА КОНТРАЦЕПЦИЈА И ТЕРАПИЈА ЗА СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ (СПИ)

Преку Превентивната програма за ХИВ на Министерството за здравство, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно, се обезбедуваат бесплатни услуги од дерматолог, гинеколог, психолог и бесплатна контрацепција и терапија за сексуално преносливи инфекции (СПИ), поддржани од Клиниката за дерматологија, Клиниката за психијатрија и Клиниката за гинекологија и акушерство. Во овој центар, граѓаните можат бесплатно […]