Соопштенија

МЕЏИТИ: НАПРАВЕНА УШТЕ ЕДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ И БУБРЕЗИ ОД ПОЧИНАТ ДОНОР, ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ДОБИЈА НОВА ШАНСА ЗА ЖИВОТ

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека направена е уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава. „Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави […]

МЕЏИТИ: АКЦЕЛЕРАТОРОТ Е ИНСТАЛИРАН НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА, ИСПОЛНЕТО УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека во петокот, 22 декември 2023 година е завршена инсталацијата на линеарниот акцелератор на Клиниката за онкологија. „Акцелераторот е инсталиран на Клиниката за онкологија, исполнивме уште едно ветување. Од страна на производителот и одговорните физичари во установата е потпишан Final Acceptance Certificate – документ со којшто се потврдува […]

МЕЏИТИ: ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ТЕРАПИЈА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, директорката на Клиниката за детски болести д-р Стoјка Нацева-Фуштиќ и претставникот од Асоцијацијата на цистична фиброза, Фики Гаспар, денеска одржаа заедничка прес-конференција за која информираа дека лекот Трикафта е пристигнат на детската клиника. На прес-конференцијата, министерот Меџити истакна дека секогаш се залагал сите потреби во однос на лекови, дијагностика, […]

НОВ СОВРЕМЕН АПАРАТ ЗА РОБОТСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска ја посетија Универзитетската клиника за физикална терапија и рехабилитација во Скопје по повод промоција на нов современ апарат за роботска рехабилитација – локомат. -Првпат во јавното здравство обезбедивме нов современ апарат за роботска рехабилитација – локомат. Овозможуваме побрза и подобра […]

МЕЏИТИ: НАБАВУВАМЕ 22 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, НАЈГОЛЕМА НАБАВКА ЗА ИТНАТА ПОМОШ ВО ИСТОРИЈАТА

Министерството за здравство информира дека ја утврди потребата за набавка на нови амбулантни возила за потребите на јавните здравствени установи во Република Северна Македонија од причини што најголем број од возилата кои се на располаѓање на установите се застарени, дотраени, со помината поголема километража од техничкиот максимум и амортизирани. За таа цел, Министерството изготви и […]

ОТВОРЕН ОДДЕЛ ЗА ОНКОЛОГИЈА И РЕНОВИРАН ОДДЕЛОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Министерот за здравство, Фатмир Меџити и заменичката за здравство, Маја Манолева, заедно со претседателот на државата, Стево Пендаровски беа во посета на тетовската болница по повод отворање оддел за онкологија, како и промоција на реновираниот оддел за радиологија и конференциската сала. -Со новиот оддел се стремиме да ја растовариме гужвата и фреквенцијата на пациенти на […]

НОВ ДИГИТАЛЕН МАМОГРАФ И УЛТРАЗВУЧЕН ЕХО АПАРАТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ЖЕЛЕЗАРА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, денеска беа во посета на Поликлиника Железара по повод набавка на нова медицинска опрема – дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ЕХО апарат со две сонди набавен од Министерството за здравство. Во изјава за медиумите, министерот Меџити информираше дека овој дигитален […]

МЕЏИТИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНА НАПРЕДОК ВО УБЛАЖУВАЊЕТО НА АНТИМИКРОБНА РЕЗИСТЕНЦИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, денеска се обрати на панел дискусијата „Заеднички во спречување на антимикробната отпорност“ во организација на Здружението за одржлив развој БИОМ Скопје и мултисекторската комисија за контрола на антимикробна отпорност при Министерството за здравство и поддршка на Светската здравствена организација. -Чест ми е да ве поздравам на оваа панел дискусија […]

МЕЏИТИ: ПРВПАТ ОТВОРИВМЕ СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ НА ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, денеска се обрати на свечената церемонија по повод доделувањето специјализации на здравствени работници на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово. Во продолжение, ви го пренесуваме неговото обраќање во целост: Ми претставува чест и задоволство да се обратам на денешната свечена церемонија по повод доделување специјализации на здравствени работници на […]

МЕЏИТИ: НОВ АРТРОСКОПСКИ СТОЛБ ЗА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДСКИ БОЛЕСТИ, ЗГОЛЕМЕН КВАЛИТЕТОТ ВО ИЗВЕДУВАЊЕТО НА ИНТЕРВЕНЦИИ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска беше во работна посета на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар каде оствари средба со менаџментот и вработените на установата. Министерство за здравство за Клиниката за ортопедски болести набави нов артроскопски столб наменет за пациентите. – Станува збор за најсовремена […]