Соопштенија

ТРКАЛЕЗНА МАСА ПОСВЕТЕНА НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ПОДДРШКА НА СЛЕПИТЕ ЛИЦА

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска зеде учество на тркалезната маса, посветена на иницијативи за поддршка на слепите лица, во соработка со УСАИД. Во своето воведно обраќање тој истакна дека визуелниот систем е еден од најважните за правилен раст и развој на едно дете. Доколку се утврдат одредени недоследности, најдобри резултати има кога навремено се […]

НОВИНИ ВО НАЦИОНАЛНИОТ СИСТЕМ МОЈТЕРМИН – СЕ ВОВЕДУВААТ ДВА НОВИ УПАТИ „ИТЕН 24“ И „УПАТ БЕЗ ТЕРМИН“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин, со цел подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна на пациентите. Најзначајната новина која се воведува се […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: СО ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ОД ОВАА ГОДИНА ЗА ПРВПАТ ВО НАШАТА ЗЕМЈА, СЕКОЈ МЛАД ЛЕКАР ЌЕ ДОБИЕ ШАНСА ДА СЕ АНГАЖИРА ВО СИСТЕМОТ НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

„Оваа Влада посветено работи на тоа да креира фер општество за сите млади луѓе“, изјави министерот Филипче и потенцираше дека со измената на Законот за здравствена заштита од оваа година за првпат во нашата земја, секој млад лекар ќе добие шанса да се ангажира во системот на јавно здравство. Ова значи дека секој лекар којшто […]

СО РЕНОВИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО ВЕЛЕС, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОКВАЛИТЕТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Здравствениот дом Велес, каде заедно со директорот Николчо Димовски ги посети реновираните простории во Здравствениот дом и комплетно обновената итна медицинска помош. Исто така изграден е и лифт кој значително ќе им го олесни пристапот на лицата со инвалидитет во оваа здравствена установа.  […]

ФИЛИПЧЕ: МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ СЕ НАШИОТ ФОКУС И ПРАВИМЕ СЀ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНИОТ СТАТУС, КВАЛИТЕТОТ НА ЕДУКАЦИЈАТА И УСЛОВИТЕ ВО КОИШТО РАБОТАТ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се сретна со претставници од Здружението на лекари специјализанти, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и со Клубот на млади лекари. -Младите лекари се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат. Во текот на септември 2019 […]

ВРАБОТУВАЊЕ МЛАДИ ЛЕКАРИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ КАДАР ВО ЈАВНО ЗДРАВСТВО

Младите лекари веднаш по дипломирањето, односно добивањето лиценца ќе добијат можност за 6 месечна практична работа во здравствените домови во Република Северна Македонија, за што ќе бидат обезбедени работни места во Итната медицинска помош, вакциналните пунктови и во поливалентната патронажна служба, а потоа ќе можат да специјализираат. Ова е последна новина во низата промени за повисок стандард […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ГИ ПОСЕТИ ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО СТРАШНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА – ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СО НАТЧОВЕЧКИ НАПОРИ ПРАВАТ СЀ ЗА ДА ИМ ГИ СПАСАТ ЖИВОТИТЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска ги посети повредените пациенти во страшната сообраќајна несреќа што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово, а кои се сместени во Градската општа болница „8 Септември“. „Денеска во Градската општа болница „8 Септември“ од повредените од тешката сообраќајка се лекуваат 28 пациенти, а 6 […]

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО МАКСИМАЛНО АНГАЖИРАНО ПО ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

Службите и екипите на Министерството за здравство уште од моментот кога се случи вчерашната страшна сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во близина на село Ласкарци и во која починаа 14 лица, се на терен, максимално ангажирани и ажурни во целта да се направи сè за да се спасат животите на тешко повредените. Мобилизирани се специјалисти […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ УТРОВО ГИ ПОСЕТИ ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ ОД ВЧЕРАШНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

Министерот за здравство утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната сообраќајна несреќа. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.  Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот […]

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ СО НОВИ ПРЕПОРАКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕПИДЕМИЈАТА НА МОРБИЛИ (МАЛИ СИПАНИЦИ)

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство донесени се нови дополнителни мерки за заштита на населението од епидемијата на морбили. – Сите родители кои имаат деца со наполнети 6 месеци, а живеат на територијата на градот  Скопје, од утре треба да се јават во најблискиот вакцинален пункт за да ги […]