Соопштенија

2 ЈАНУАРИ 2019 ГОДИНА – РАБОТЕН ДЕН ЗА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

Министерството за здравство, информира дека 2 јануари, 2019 година ќе биде работен ден за вработените во јавните здравствени установи во Република Македонија, со цел граѓаните да добијат навремена здравствена заштита и помош. Граѓаните, кои имаат закажано термини за прегледи на овој ден во специјалистичко-консултативни амбуланти, кабинети за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните […]

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Следната 2019 година ја почнуваме со зголемување на платите за сите здравствени работници во јавното здравство. Оваа година, ја завршуваме со успешни преговори и разговори со Гранковиот синдикат за здравство и Синдикатот на Клинички центар.   Министерството за здравство е во постојана комуникација со синдикатите, а идната година продолжуваме со интензивна соработка. Задоволен здравствен работник […]

ВО СКОПЈЕ НЕВАКЦИНИРАНИ 15 ИЛЈАДИ ДЕЦА НА ВОЗРАСТ ДО 14 ГОДИНИ – АПЕЛ ДО РОДИТЕЛИТЕ НАВРЕМЕ ДА ГИ ЗАШТИТИТАТ СВОИТЕ ДЕЦА

Во Министерството за здравство денеска се одржа прес-конференција по повод актуелната состојба од појава на мали сипаници. По прогласената епидемија на мали сипаници во населба Радишани, општина Бутел и согласно одлуката на Националната комисија за заразни болести при Министерството за здравство, епидемиолошките екипи од Центар за јавно здравје–Скопје во соработка со вакциналните пунктови при здравствените […]

НОЌНИ ПЕДИЈАТРИСКИ ПУНКТОВИ ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“, „БИТ ПАЗАР“ И „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Ѓорче Петров“ од 1 јануари 2019 година ќе почнат со работа ноќните педијатриски пунктови. Овие пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“ и „Бит Пазар“, за граѓаните ќе бидат отворени секој работен ден од 19:30 до 7:30 часот, вклучувајќи и ги и лабораториите за испитување крв и урина, […]

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЧИЊАТА КОИ СЕ ЛЕКУВААТ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ ОД Г-ЃА ЗОРИЦА ЗАЕВА, СОПРУГА НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ

Новогодишни пакетчиња за дечињата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести, но и желби што побргу да оздрават и да си заминат дома, денес им посака г-ѓа Зорица Заева, сопруга на премиерот Зоран Заев. Г-ѓа Заева заедно со министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче и директорката на Клиниката Катарина Ставриќ, посетија неколку од […]

ПРВА БРИФИНГ СРЕДБА ЗА НОВИНАРИ КОИ СЛЕДАТ ЗДРАВСТВЕНИ ПОЛИТИКИ

Новинари кои следат здравствени политики, во организација на Министерство за здравство, на 21 и 22 декември, 2018 година во Струмица, беа дел од првата едукативна работилница посветена на новините во македонскиот здравствен систем. Работилницата беше организирана со цел да се едуцираат и информираат новинарите околу новостите кои се воведуваат и применуваат во јавните здравствени установи. […]

ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ – СТРУМИЦА ДОБИ ДОНАЦИЈА – ВОЗИЛО ЗА ДОМАШНА НЕГА ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

ЈЗУ Здравствен Дом-Струмица, денеска доби донација – возило за домашна нега од Министерството за здравство и граѓанското здружение „Сано“. Станува збор за донација на возило кое ќе биде употребено за домашна нега на хронично болни пациенти и лица од социјален ризик, на населени места кадешто нема матични лекари. Донацијата ја предаде министерот за здравство Доц. […]

ВАКЦИНИТЕ СЕ БЕЗБЕДНИ И СЕ ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕВЕНТИВНА МЕРКА СО КОЈА СЕ ЗАШТИТУВААТ ДЕЦАТА ОД МОРБИЛИ (МАЛИ СИПАНИЦИ)

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје, проф. д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација и д-р Лилјана Ристовска-Деспотовска, виш инспектор во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денеска одржаа заедничка прес-конференција, на која информираа дека се преземени итни и неопходни мерки за да се спречи понатамошното […]

ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА МОРБИЛИ (МАЛИ СИПАНИЦИ) ВО НАСЕЛБАТА РАДИШАНИ

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство донесе одлука најмалку две недели да се затвори градинката во скопската населба Радишани, каде пет деца се заразиле со морбили (мали сипаници). Во моментов се регистрирани шест заболени лица, пет се деца од предучилишна возраст и еден возрасен маж. Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче изјави […]

КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛО ПО 15 ГОДИНИ СО СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ И НОВИ АПАРАТИ ЗА АНЕСТЕЗИЈА

По 15 години, Универзитетската клиника за уво, нос и грло, во Скопје, набави современа опрема за хируршки интервенции, како и нови апарати за анестезија. Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека со набавката на оваа нова софистицирана опрема, и обуките кои клиниката ги изведува секојдневно, Република Македонија ќе се вброи во редот на […]