Соопштенија

СПОЈУВАЊЕ НА ЕКСПЕРТИЗИТЕ ВО ДРЖАВНО И ПРИВАТНО ЗДРАВСТВО – УНAПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА ДЕЧИЊАТА СО НАЈТЕШКИ СРЦЕВИ БОЛЕСТИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, денеска одржаа прес конференција на која беше презентиран нов начин на функционирање на детската кардиохирургија. – Донесовме одлука договорот на болницата „Жан Митрев“, којшто со години е за извршување кардиохируршки интервенции на возрасни но и на деца, од следната […]

„TAVI“ ПРОЦЕДУРИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА КАРДИОЛОГИЈА ВО СКОПЈЕ

На Клиниката за кардиологија во Скопје, лекарите почнаа со импементација на зафатот т.н Trans-catheter Aortic valve Implantation – TAVI, што значи операција на поставување на вештачки аортни залистоци на местото на оштетените природни аортни залистоци, кај пациенти со тешка аортна стеноза. Директорот на Клиника за кардиологија, Др Жан Зимбаков објаснува досегашната  класничната процедура за хируршкиот […]

ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ 48 СПЕЦИЈАЛНИ КОЛИЧКИ ЗА ДЕЦА

На Меѓународниот ден на лицата со попречености, Израелската амбасада донираше 48 специјални колички за деца. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција се заблагодари за донацијата, и заедно со амбасадорот Дан Ориан дел од кличките им ги предаде на Детската клиника во Скопје. „Предизвиците на Министерство за здравство се да ги отстрани сите […]

ВО КЛИНИЧКИОТ КАМПУС СО РАБОТНА АКЦИЈА ОДБЕЛЕЖАН 5 ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ВОЛОНТЕРИТЕ

Волонтери од Министерство за здравство, Црвениот крст на Град Скопје, Волонтерски центар – Скопје, како и волонтери од универзитетските клиники и од Медицинскиот факултет, денеска, во дворот на Универзитетски Клинички центар ,,Мајка Тереза”, со работна акција го одбележаа Светскиот ден на волонтеризмот. Во одбележување на овој ден се приклучи и општина Центар и го поддржа […]

ОБЕЗБЕДЕН НОВ АПАРАТ ЗА ВИДЕО ЛАРИНОСКОПИЈА И ЕНДОСКОПИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДИШЕН ПАТ, НАМЕНЕТ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ НА КАРИЛ

Министерството за здравство набави нов апарат за видео лариноскопија и ендоскопија за обезбедување на дишен пат, вреден 70 илјади евра, наменет за пациентите кои се лекуваат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Со помош на овој апарат, анестезиолозите ќе можат полесно да интубираат пациенти кои се хоспитализирани на оваа Клиника и […]

КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОЛОГИЈА, СПОРЕД БРОЈ НА СРЦЕВИ ИНТЕРВЕНЦИИ И ИНТЕРВЕНЦИИ КАЈ АКУТEН СРЦЕВ УДАР Е ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорот на Универзитетската клиника за кардиологија, д-р Жан Зимбаков, го отворија Skopje Interventional Meeting, настан кој е од круцијално значење за размена на знаења и искуства кај медицинскиот персонал, како и унапредување на медицинската експертиза.  Во своето обраќање, министерот Филипче информираше дека Клиниката за кардиологија, според број […]

МАКЕДОНИЈА-ПРИМЕР ЗА УСПЕШНО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ ВЛАДАТА, ИНСТИТУЦИИТЕ И ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ВО СПРАВУВАЊЕ СО ХИВ ИНФЕКЦИЈАТА

По повод одбележување на 1 декември – Светски ден на борба против ХИВ/СИДА, денеска во Министерството за здравство се одржа прес конференција на која учествуваа министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и национален координатор за ХИВ, д-р Милена Стевановиќ, д-р Владимир Микиќ од Институтот […]

ДЕМАНТ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство остро ги демантира написите во некои медиуми во кои стои дека министерот Филипче, наводно „насила ги натерал студентите да го чистат Клинички центар, место да одат на час“. Должни сме на јавноста да и објасниме дека станува збор за акција, организирана во сабота, за време на викенд, во која ќе учествуваат околу […]

УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА, ДОБИ МОБИЛЕН ЕХО АПАРАТ, ДОНАЦИЈА ОД ДРЖАВНАТА ВИДЕОЛОТАРИЈА

За потребите на Клиниката за детска хирургија, денеска беше дониран мобилен ехо апартат, донација од Државната видеолотарија. На официјалното примопредавњање на донацијата, министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче се заблагодари и истакна дека со оваа донација се подобруваат условите и услугите на Клиниката и се подобрува здравствeниот  третман  за најмалите, децата. „Ова е добар […]

НОВ ТРЕТМАН ЗА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ, ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ИЗВРШЕНА ТРОМБЕКТОМИЈА КАЈ 70 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ СО МОЗОЧЕН УДАР

Првпат во Македонија, во текот на вчерашниот ден, е извршена механичка тромбектомија кај 70 годишен пациент, кој доживеал мозочен удар. Станува збор за многу сериозен и сложен зафат на мозокот, каде се случил ударот, предизвикан од тромб – згрутчување на крвта. Пациентот е спасен од сигурна смрт. Тимот доктори, кои првпат досега во нашата држава […]