Соопштенија

ПРВПАТ НАБАВЕН ЛЕК ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКА БОЛЕСТ АХОНДРОПЛАЗИЈА

-Со големо задоволство можам да информирам дека три храбри дечиња со ретка болест го добија потребниот лек кој ќе влијае на подобрување на нивниот квалитет на живот. Првпат со јавна набавка за обезбедување на лекови за ретки болести за 2023 година, набавен е лек за пациентите со ретка болест Ахондроплазија, објави министерот за здравство д-р […]

ПРЕКУ ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПЗЗ ДО МОДЕРНИЗИРАНИ И ЕФИКАСНИ УСЛУГИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

Промоцијата на новините во примарната здравствена заштита, со цел приближување и поедноставување на услугата за сите пациенти, беа повод за денешниот брифинг со медиумите, на министерот за здравство д-р Фатмир Меџити. Меџити објасни дека трансформацијата на примарната здравствена заштита е направена врз основа на детална анализа, која ја спроведе Министерството за здравство, со поддршка од […]

МЕЏИТИ: СО НАВРЕМЕНА ПРЕВЕНЦИЈА И КОНТРОЛА СПРЕЧИВМЕ НЕПОСАКУВАН РАСТ НА ЗАРАЗЕНИ СО ККХТ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, утрово одржа консултација со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализираше актуелната состојба со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) во државата. Состанокот го иницираше министерот Меџити, каде порача дека здравствениот систем навремено и соодветно одговори по детектирањето на првите случаи на ККХТ. Министерот истакна дека брзата реакција на […]

ИЗЈАВА НА ДИРЕКТОРКАТА НА КИБФС, Д-Р МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌ, ВО ВРСКА СО КОНГО-КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА

-За жал, првата пациентка од село во штипско беше дијагностицирана и почината во неколку часа, значи не можела да биде спасена, и да имаше лек кај нас. Второ, за вас многу значајно прашање кое многу често го слушам зошто нашата држава го немала овој лек и зошто наоѓаме лекови откако ќе се случат работите. Ниту […]

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО

По повод одбележување Светска недела на доењето (од 1 до 7 август), денес во Министерството за здравство се одржа прес-конференција на која присуствуваа претставници од Поткомитетот за доење, во рамки на Комитетот за безбедно мајчинство. Претседателката на Поткомитетот за доење, д-р Мими Кимовска Христова истакна дека мајчиното млеко е храна и таа треба да биде […]

МЕЏИТИ: СО ПРОШИРУВАЊЕ НА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА НА ЛЕКОВИ ОБЕЗБЕДУВАМЕ ИНОВАТИВНА И ЕФЕКТИВНА ТЕРАПИЈА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ 

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска на пресконференција го промовираше новиот начин и методологија за утврдување на лек на позитивната листа. Позитивната листа на лекови се ревидира после 13 години, со што ќе се овозможи поголема достапност на иновативни лекови во државата каде има ограничени ресурси. Со ревидирањето на позитивната листа на лекови ќе се […]

ДОЕЊЕТО ГИ ПОСТАВУВА ТЕМЕЛИТЕ НА ЗДРАВАТА ИДНИНА

-Мајчиното млеко е совршена храна која е создадена за да ги задоволи сите нутритивни потреби на новороденчето. -Доењето го зајакнува имунитетот и содржи антитела, кои помагаат во заштитата на бебето од инфекции и болести. -Чинот на доење поттикнува интимна врска меѓу мајката и детето. -Доењето нуди бројни здравствени придобивки за мајките и помага во постпородилното […]

МЕЏИТИ: ПОСВЕТЕНО РАБОТИМЕ ХЕПАТИТИСОТ ДА СТАНЕ НАШЕ МИНАТО

Хепатитисот претставува закана за јавното здравје, но со колективна акција и свесност, можеме да работиме на негова превенција, рано откривање и на крајот негова елиминација, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити по повод одбележување на Светскиот ден за борба со хепатитисот. На настанот, кој беше организиран во партнерство со Хепар Центар Битола, присуствуваа и […]

МЕЏИТИ ВО ПОСЕТА НА ДРЖАВНА КАРДИОХИРУРГИЈА: СПАСИВМЕ ЧЕТИРИ ЖИВОТИ И ИСПИШАВМЕ ИСТОРИЈА ВО МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денес ја посети Клиниката за државна кардиохирургија, каде е хоспитализиран пациентот кој пред пет дена доби нова шанса за живот по извршената трансплантација на срце. Четириесетгодишниот пациент од Скопје, во чии гради сега чука ново срце благодарение на хуманоста на едно семејство, во моментот се наоѓа во стабилна здравствена […]

MEЏИТИ НА СРЕДБА СО СИНДИКАТИТЕ И ФОНДОТ: ОД ПРВИ СЕПТЕМВРИ ЗА 10% ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ, СЕ ДОГОВАРА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА

Покачувањето на платите за вработените во јавниот сектор кое ќе стартува од септември оваа година беше тема на денешната работна средба меѓу министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски, претседателот на Синдикатот на клинички д-р Предраг Серафимовски и претставници на Фондот за здравствено […]