Соопштенија

ЕДЕН ДОНОР УТРОВО СПАСИ ЧЕТИРИ ЖИВОТИ

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт. Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб […]

МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ ГО ОТВОРИ ЦЕНТАРОТ ЗА СПРАВУВАЊЕ И ТРЕТМАН НА ОБЕЗНОСТ НА КЛИНИКА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

Отворен Центар за справување и третман на обезноста при Клиниката за ендокринологија, која денес по овој повод ја посети министерот за здравство д-р Фатмир Меџити. -Обезноста е сериозен светски здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас. Потребно е да постои интегриран центар во кој ќе се упатуваат овие пациенти […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА, МАНОЛЕВА НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ, МАРИЈА КАНЕЛОПУЛУ

Главната тема на состанокот беше фокусирана на тековните и идни проекти, кои се поддржани од Европската унија во македонското здравство, со посебен фокус на новите перспективи за подобрување на здравствениот систем со финансиска и експертска помош од Европската унија. Оваа средба претставува продолжување на успешната соработка меѓу Северна Македонија и ЕУ во областа на здравството. […]

ПРЕПОРАКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

Нашата држава од денеска (четврток, 13 јули, 2023 година) е зафатена од високи температури од портокалова фаза. Почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. • Ослободување од работни обврски на бремените жени и […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО АБАСАДОРОТ НА АВСТРИЈА, ГЕОРГ ВУЦАС

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити на средбата со амбасадорот на Република Австрија, д-р Георг Вуцас, изрази благодарност за досегашната соработка, во рамки на која се реализираат обуки на доктори специјалисти од Република Северна Македонија во Универзитетскиот клинички центар во Виена, како и размена на доктори специјалисти од областа на патологијата, онкологија и офталмологија. Воедно, […]

ТЕМАТСКА ДИСКУСИЈА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева присуствуваше на тематска дискусија „Да се отпакува конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во врска со правото на независно живеење на еднаква основа со останатите граѓани – Што им е потребно за да живеат независно?“. На дискусијата, освен што се изрази голема и недвосмислена […]

КОНТИНУИРАНАТА СТРУЧНА НАДГРАДБА Е КЛУЧНА ВО СЕКОЈА ОБЛАСТ, ОСОБЕНО ВО МЕДИЦИНАТА

Честитки за стекнатите дипломи на Меѓународниот балкански универзитет. Дипломирањето претставува значаен чин во комплетирањето на академското образование, истакна министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на свечената церемонија по повод доделување дипломи на студентите од Меѓународниот балкански универзитет. Континуираната стручна надградба е клучна во секоја област, а особено во областа на медицината и токму затоа Министерството […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН И ДООПРЕМЕН ОДДЕЛ НА ДЕТСКА КЛИНИКА

Одделот за ревматологија и кардиологија на Детска клиника е комплетно реновиран и доопремен со поддршка од Комерцијална банка. Инвестицијата е во вредност од 5 милиони денари. На настанот по повод пуштање во употреба на одделот, присуствуваа министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, заедно со заменик министерката, д-р Маја Манолева. -Ова е значаен придонес за обезбедување […]

ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСНОСТА КАЈ МЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ПРВАТА ПОМОШ КАКО ЖИВОТОСПАСУВАЧКА ВЕШТИНА

Во соработка со Црвениот крст беа претставени постигнатите резултати од кампањата „Првата помош спасува живот“, спроведена во основни и средни училишта во земјава. -Главна цел на кампањата е подигнување на свесноста кај младата популација за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина, со посебен фокус на грижата за сопственото здравје, како и здравјето на другите, […]

НАД ИЛЈАДА ДЕЦА СЕ ВАКЦИНИРАНИ ВО РАМКИ НА ТЕРЕНСКАТА КАМПАЊА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“. Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ. Вкупно се […]