Соопштенија

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: МЕРКАТА СО УКИНУВАЊЕТО НА КВОТИТЕ ПОКАЖУВА ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ, ПАЦИЕНТИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ, ГО ПОДОБРИВМЕ КВАЛИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

„Во самите аптеки, фармацевтите укажуваат дека нема повеќе гужви, турканици, паника кај пациентите. Во кој било ден од месецот, пациентите доаѓаат до потребниот лек со рецепт и тоа навистина се чувствува“, изјави министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче при денешната посета на аптеки во градот Скопје.  Министерот Филипче потсети дека проектот почна како пилот […]

ЗА ПРВПАТ ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ДОСТАПНИ ЛЕКОВИ КОН КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ

Граѓаните се задоволни од мерката на Министерството за здравство за укинување на квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава. За првпат, тие имаат достапни лекови кон крајот на месецот. Со укинувањето на квотите го решивме деценискиот проблем со недостигот на лекови.   Во месец август почна првата фаза од укинувањето во аптеките […]

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА СВЕСНОСТА ЗА ПЕЛТЕЧЕЊЕТО

Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје го одбележа Меѓународниот ден на свесноста за пелтечење. По овој повод  тие подготвија и поделија флаери со основните информации за пелтечењето и достапноста на логопедскиот преглед и третман. Оваа јавна здравствена установа постои и работи 59 години и во неа успешно се третира овој комплексен […]

ШЕСТИ КОНГРЕС ЗА АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА, РЕАНИМАЦИЈА И ИНТЕНЗИВНА НЕГА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера го отвори Шестиот конгрес за анестезиологија, реанимација и интензивна нега со меѓународно учество, кој овие три денови се одржува во Охрид. „Конгресот е одлична можност да размениме искуства и новини од областа на анестезиологијата, реанимацијата и интензивната нега, како и да ја унапредиме соработката меѓу домашните и […]

СЕ УШТЕ Е ВО ТЕК ЕПИДЕМИЈА НА МАЛИ СИПАНИЦИ, ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ 41.623 ЛИЦА НА ВОЗРАСТ ДО 14 ГОДИНИ СО МРП ВАКЦИНА

Министерството за здравство информира дека сè уште е во тек епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на цела држава. Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 41.623. Од почетокот на епидемијата досега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно […]

ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ЦРВЕН КРСТ ЗА 10 ДЕНА ПОМОГНАЛЕ 3.168 ЛИЦА ПОЛЕСНО ДА СЕ СНАЈДАТ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ КЛИНИКИ

Министерството за здравство информира дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ клиничкиот центар, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа. Во изминатите 10 дена дена, од волонтерите побарале помош вкупно 3.168 лица на […]

ПЕТТИ КОНГРЕС НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА ТРАНСФУЗИОЛОЗИ-ПРИДОНЕС КОН ПОДОБРУВАЊЕ НА ВЕШТИНИТЕ И ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ ТЕХНОЛОГИИ

Министерот за здравство, Венко Филипче се обрати на отворањето на Петтиот конгрес на Македонското здружение на трансфузиолози со меѓународно учество, поддржан од Интернационалнато здружение на трансфузиолози и Европската асоцијација за технолошка индустрија, која вклучува дијагностика, медицинска опрема и дигитално здравје.  -Трансфузиолошката дејност има голем општествен интерес за нашата држава, тоа е стратешка дејност која обезбедува […]

ОД ДЕНЕС ИМАМ СЕСТРА, НЕЈЗИНАТА МАЈКА МИ ДАДЕ БУБРЕГ И НОВ ЖИВОТ-ВЕЛИ ЕМРИ, ПАЦИЕНТОТ СО ТРАНСПЛАНТИРАН БУБРЕГ

Тоа што може да донесе една минута не може ни година, велат постарите. Само една минута и требало на скопјанката Маре да ја донесе оваа важна одлука, да ги донира органите на починатата мајка. Сега таа минута трае долго за двете момчиња, во кои живеат бубрезите на нејзината мајка. Денеска, на Европскиот ден на органодарителството […]

СО ПРОГРАМАТА ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ТОЧНО ПРЕЦИЗИРАН ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТ ЗА ТИМОВИТЕ ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на одбележувањето на Европскиот ден на органодарителство, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани НЕФРОН.  -Министерството за здравство секоја година изготвува годишна Програма за трансплантација, со цел дополнително унапредување и евалуација на системот за трансплантација, како и подигнување на свесноста кај граѓаните за значењето и придобивките […]

ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА РЕАЛИЗИРАНИ 134 ВРАБОТУВАЊА И СЕ РЕКОНСТРУИРА ДНЕВНАТА БОЛНИЦА ВО СЛУЖБАТА ЗА ПЕДИЈАТРИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Клиничката болница во Битола, каде одржа работна средба со директорот д-р Зоран Лазаров и заеднички со вработените беше направена обиколка низ одделенијата во установата. „Во Клиничката болница во Битола реализирани се 134 вработувања, а на 13 ангажирани со договор на дело следува постапка […]