Во просториите на Министерството за здравство денеска беше извршено примопредавање на должноста заменик министер за здравство.
Д-р Маја Манолева ја презеде функцијата заменик министер за здравство од д-р Владимир Рендевски, кој ѝ посака успешна работа на д-р Манолева и продолжување на реформите во здравствениот систем.