ДИРЕКТОРОТ НА СЗО ЕВРОПА ХАНС КЛУГЕ СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА ВТОРИОТ НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ЗДРАВЈЕ

На вториот Национален форум за здравје под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“, специјален гостин повторно ќе биде регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.

Регионалниот директор Клуге е голем пријател на Република Северна Македонија и поддржувач на процесите во здравството. Во февруари 2019 година ја посети нашата земја на првиот Национален форум за здравје, кадешто активно се работеше на Акциониот план за зајакнување на националниот систем на примарната здравствена заштита (ПЗЗ).

Форумот ќе се одржи во Скопје, на 27 февруари 2020 година, во организација на Министерството за здравство и со поддршка од СЗО.

Сподели на:

Related Posts