Од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, апелираше министерот за здравство, доц.д-р Венко Филипче во синоќешното интервју на телевизија Сител. Министерот рече докодлку заразата се шири со оваа динамика многу брзо ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците. Филипче нагласи дека актуелните мерки, постепено ќе даваат резултат, но непредвидливоста на вирусот, може да доведе до повторно зголемување на бројот на заразени, а тоа ќе значи огромен притисок врз болниците.
-Сите сме во оваа битка, многу е важно граѓаните да ни помогнат со почитување на мерките. Нема да може да издржиме уште многу, ако оди со оваа динамика. Ќе се преполнат болниците и тогаш веќе ќе имаме ситуација во која што може да недостасуваат и кревети и кадар. Искрено се надевам дека мерките постепено ќе даваат и ќе дадат резултат, за разлика од пред неколку недели, R0 факторот на преносливост сериозно се намали од 1,5 на близу 1 и тоа влева доза на оптимизам, но тоа не значи дека притисокот кон болниците ќе се намали. Непредвидлив е вирусот и болеста како клиничка форма не знаеме, што може да се случи и со ваков линеарен раст огромен ќе биде притисокот и проблемот во болниците, што всушност и сега веќе е и се случува. Апелирам да се почитуваат овие мерки – рече министерот Филипче.
Здравствениот систем секојдневно се менаџира, а во клиничкиот центар во Скопје, сите интерни одделенија и медицинскиот кадар се целосно мобилизирани.
Министерот информираше дека веќе се наполнија првите спратови во зградата на интерните клиники, обезбедени се кревети и кадар, но оди сé потешко. Граѓаните со полесна клиничка слика се испраќаат на домашно лекување за да се обезбедат места за пациентите на кои им е потребна хоспитализација, објасни министерот. Предвидено е да се ослободат дополнителни места и на хируршките клиники , како и дополнителни капацитети во ГОБ 8 Септемвр, но за кратко време можно е и тие места да се пополнат. Сите болници и здравствени установи во државата, за прв пат во историјата лекуваат само една патологија, тое е така насекаде во светот, затоа од голема важност е граѓаните со почитување на мерките да се заштитат себе си и останатите, а така да му помогнат и на здравствениот систем.
/**
*/