ФИЛИПЧЕ НА СОСТАНОК СО ДИРЕКТОРИТЕ НА ИНТЕРНИ КЛИНИКИ – ПОТРОШУВАЧКАТА ЗГОЛЕМЕНА, НО НЕМА НЕДОСТИГ ОД ЛЕКОВИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска се сретна со директорите на интерните клиники и разговараа за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал.

На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид пациентите кои се хоспитализирани. И покрај зголемената побарувачка на одреден број лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој. За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена, во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови.  

Во моментов има доволно слободни места на интерните клиники, а Министерството за здравство, ја следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се јави потреба ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид пациенти. Во однос на кадарот ќе бидат испратени дополнителен број лекари во сите ковид центри на интерните клиники.

Сподели на:

Related Posts