ФИЛИПЧЕ: ВАКЦИНИРАНИТЕ ГРАЃАНИ НЕ ТРЕБА ОДАТ ВО КАРАНТИН

Светот оди во насока целосно да се нормализира животот и движењето на луѓето коишто се вакцинирани, очигледно сите свесни дека тоа е единствената можност да го вратиме нормалниот живот, изјави министерот Филипче. Само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти. Секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани и на овој начин е обезбеден полесен и побезбеден живот.

-Во тој поглед сме подготвени, посебно со сертификатите. Интензивната работа на тимот кој работеше на сертификатите се исплатеше, еве сега тие сертификати за вакцинација се признаени, посочи министерот Филипче.
Нашата држава во чекор со ЕУ и сите останати земји во светот, се стреми кон вакцинација на населението и главната цел во овој момент е да се постигне колективен имунитет кој ќе овозможи што поскоро, нашите животи да се вратат во нормала.

Сподели на:

Related Posts