Пациентките од општината Шуто Оризари ќе добијат гинеколог. На вчерашната средба, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и гинекологот д-р Божидар Бошковски дискутираа околу отворањето на ординацијата, со цел жените од оваа општина да ја имаат потребната и неопходна здравствена услуга. Локацијата за ординацијата е најдена, а на средбата беше договорено ресорното министерство да ја опреми ординацијата.
-Сите жени од Шуто Оризари сега ќе имаат гинеколог, кој ќе се грижи за нивното здравје. Д-р Бошковски е искусен гинеколог кој ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина. Проблемот со недостатокот на гинеколог во Шуто Оризари го решивме. Најважното е тоа што пациентките ќе можат навремено да ги извршуваат своите гинеколошки прегледи. Продолжуваме и понатаму да водиме грижа и вистинска здравствена политика за сите пациенти, потенцираше министерот Филипче.
/**
*/