Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска го посети Институтот за радиологија по повод промоција на нов дигитален рендген апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца во оваа установа.
-Инсталирана и завршена е техничката обука за користење на апаратот. Набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари. РТГ апаратот е неопходен за најмладите пациенти и посебно важен за дијагностиката. Ваков сличен апарат имаше и претходно на кој во просек се работеа околу 3000 прегледи за најмладата популација од 0 до 14 години.
Установата, исто така доби и мамомат со томографија и стереотаксична биопсија, како и ехо апарат со еластографија кои се важни за рана дијагностика на рак на дојка. Ова покажува дека водиме грижа за рано детектирање и превенција од ваков тип малигно заболување. Со инвестиции во опрема продолжуваме и во наредниот период, грижејќи се за нејзино континуирано модернизирање и обвновување, посочи министерот Меџити.