ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 4 ДО 10 ЈАНУАРИ, 2021: НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА СМРТНИ СЛУЧАИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ, ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА ОЗДРАВЕНИ ЛИЦА

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 4 до 10 јануари 2021 биле тестирани вкупно 13.022 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 20,8% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.471 позитивен случај од 34 градови во државата со зголемување од 6,1% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.140; 46,1%), а највисока неделна инциденца од 307,6/100.000 е регистрирана во Берово. Процентот на позитивни од тестирани во споменатиот период изнесува 19%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=622, 25,2%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40 до 49 (n=470; 19,0%), 50-59 (n=455; 18,4%), 30-39 (n=455; 18,4%) и 20-29 (n=330; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=39; 1,6%) и од 10 до 19 години (n=100; 4,0%).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.460 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 14,8% повеќе во споредба со минатата недела.
Во периодот на известување, пријавени се 74 смртни случаи од 24 града, со намалување од 20,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 64 лицa биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50 до 59 години и 3 лица на возраст од 40 до 49 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 4 до 10 јануари 2021, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Сподели на:

Related Posts